Свет
Бројот на новороденчиња во САД најмал во последните 35 години

Бројот на новороденчиња во САД не бил толку низок како во 2019 година од 1985 година, а стапката на плодност достигнала историско ниско ниво, покажуваат објавените податоци.
Минатата година имало 3.745.540 раѓања во таа земја или 1 процент помалку отколку во 2018 година.
„Ова е петта година како се намалува бројот на новороденчиња по зголемувањето во 2014 година“, објави Американскиот центар за превенција и борба против болести.
Доколку не се земе предвид 2014 година, бројот на новороденчиња паѓа од 2007 година. Минатата година тоа беше најмал број во последните 35 години.
Споредбата со 1985 година е уште поинтересна затоа што САД таа година имале речиси 90 милиони помалку жители отколку денес.
Доколку се земе предвид бројот на населението, стапката на плодност била најниска во 2019 година, односно 1,7 дете на жена.
Оваа бројка е под потребната за обнова на населението (2,1 деца на жена).
Во САД бројот на деца на жена опадна во речиси сите возрасни категории, освен оние меѓу 40 и 44 години.
Кај адолесцентите на возраст меѓу 15 и 19 години таа продолжи да паѓа и тоа пет проценти во однос на претходната година.
Покрај тоа, стапката на предвремено родени се зголемува петта година по ред достигнувајќи 10,2 проценти минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.