Свет
Куомо: Сиромашните граѓани сè почесто позитивни на антитела

Жителите на Њујорк од посиромашните заедници беа почесто позитивни на антитела на Ковид-19 од просекот, што привлекува внимание на непропорционалното влијание на болеста врз обоените луѓе, рече гувернерот Ендру Куомо.
Куомо на дневниот брифинг рече дека од 8.000 лица тестирани во заедници со ниски приходи во градот, 27 проценти имаат антитела на Ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, во споредба со 19,9 проценти во општата популација.
„Истражувањето, спроведено во координација со ‘Нортвел хелт’ и црквите во заедницата, покажа колку вирусот е поприсутен кај црните и латиножителите во посиромашните населби“, рече Куомо.
Како пример Куомо наведе дека 43 отсто од испитаниците во Морисанија, станбено подрачје со ниски приходи во Бронкс, се позитивни на антитела. Во Морисанија исто така имало 81 процент повисока стапка на хоспитализација во однос на градскиот просек, рече гувернерот.
Иако помина врвот на епидемијата и бројките се подобруваат, Куомо апелира до њујорчаните да носат маски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Светот ја чека одлуката на Трамп за вмешаноста на САД во војната

„Можеби ќе го направам тоа, можеби нема. Мислам, никој не знае што ќе правам“, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите на тревникот пред Белата куќа, одговарајќи на прашање дали САД планираат да нападнат ирански нуклеарни постројки.
Според медиумските извештаи, Трамп ги одобрил плановите за можен напад, но одлучил да чека засега, надевајќи се дека Техеран можеби ќе се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма.
Сепак, мисијата на Иран во Обединетите нации соопшти дека Иран не преговара под притисок, сигнализирајќи дека нема намера да се повлече поради заканата од воена акција на САД.
Поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, К.Т. Мекфарланд, вели дека претседателот ќе донесе одлука во последен момент. Но, без надворешен рок што ќе го принуди да го стори тоа, не е јасно кога би можела да дојде таа одлука.
Свет
„Би-Би-Си“: Израелските напади врз иранските нуклеарни постројки нема да предизвикаат нов Чернобил

Нападите врз иранските капацитети за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави „Би-Би-Си“, повикувајќи се на проценки на нуклеарни експерти.
Според Би-Би-Си, цел биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори каде што се случува нуклеарна фисија. Токму поради ова, опасноста од ширење на радиоактивноста е минимална.
„Нема нуклеарна реакција во постројката за збогатување ураниум, за разлика од нуклеарната централа“, објаснува за Би-би-си Симон Мидлбург, експерт за нуклеарни материјали од Универзитетот Бангор. Во електраната се одвива контролирана фисија – разделување на атомите на ураниум – што создава топлина, како и високо радиоактивен отпад.
Во збогатувањето ураниум, напротив, постројките произведуваат само гориво – не се случува нуклеарна реакција.
Честичките на ураниум може да завршат во околината, но нема да има експлозија
Ако таков објект се бомбардира, вели Мидлбург, честичките на ураниум во процесот на збогатување би можеле да бидат ослободени во животната средина, но нема да има нуклеарна експлозија или раширена радијација.
„Опасноста ќе остане локализирана, без радиолошки ризик надвор од помалата зона околу погодениот објект“, рече Мидлбург.
Би-Би-Си потсетува дека синоќа израелските сили извршија нови напади врз објекти во Натанц. Засега нема информации за истекување на радиоактивен материјал.
Свет
(Видео) Ракетата „Спејс Икс“ на Илон Маск експлодира за време на тестирањето

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ која беше тестирана во Тексас експлодира, а извршниот директор Илон Маск објавил дека нема опасност во безбедносната зона околу таа локација.
Компанијата денеска соопшти дека тоа се случило додека леталото се подготвувало за својот десетти пробен лет на лансирањето во јужен Тексас.
Holy cow Starship pic.twitter.com/ch2R88wzs3
— Chris Combs (iterative design enjoyer) (@DrChrisCombs) June 19, 2025
„За време на целата операција, се одржуваше безбедносна зона околу локацијата и целиот персонал е безбеден“, соопшти „Спејс Икс“ на социјалните мрежи.
Тие побараа од луѓето да не се обидуваат да се приближат до локацијата.
Компанијата најави и дека соработува со локалните власти.