Македонија
(Видео) Арсовски: Ден Дончев рекетирал 824.000 евра од фирмата „Дијамед“

Венко Филипче и Ден Дончев, едни од најблиските луѓе и соработници на Зоран Заев, се замешани во безброј скандали и афери, но еден од најкоруптивните случаи на оваа Влада, што ги поврзува и двајцата, е случајот „Рекет 2“, преку кој изнудувале пари од фирмата „Дијамед“, посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Ден Дончев рекетирал 824.000 евра од фирмата ‘Дијамед’. Замислете, Дончев, рекетирал од фирмата ‘Дијамед’, само за да им ги врши навремено исплатите што законски следуваат за оваа фирма, која се занимава со дијализа“, нагласи Арсовски.
Портпаролот посочи дека човекот што ги зел парите од фирмата „Дијамед“ и ги разнесувал бил истиот што веќе е осуден во случајот „Рекет 1“, каде што ги зема парите во торбата „луј витон“.
„Очигледно, главата на октоподот, Зоран Заев, користел еден ист човек за собирање на рекетот од бизнисмените. Дончев и Филипче се обидоа насилно да спречат продажба на фирмата ‘Дијамед’ на странска компанија бидејќи биле свесни дека нема да може понатаму да рекетираат компанија од ЕУ и ќе бидат разоткриени, а по тоа и ќе одговараат“, истакна Арсовски.
Тој врз основа на изнесеното заклучи дека коруптивноста и криминалот се главната работа што ја извршуваат функционерите на СДСМ.
„Три години ништо друго не прават, единствено се занимаат со криминал и корупција, но не да спречат, туку самите да реализираат“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека за таквиот криминал, ќе има одговорност веднаш штом Заев си замине и ги ослободи канџите од правосудството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.