Македонија
Презентација на родовата перспектива во одбраната пред претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска беше информиран за унапредувањето на родовата перспектива во Министерството за одбрана и Армијата, родовата структура, Националниот акциски план и политиките за еднакви можности.
На презентацијата беше истакнато дека Министерството за одбрана и Армијата работат на системски решенија за подобрување на родовата еднаквост и унапредување на правата на вработените.
Претставниците на работната група за унапредување на родовата перспектива во одбраната го информираа претседателот дека целосното нормативно уредување и имплементацијата на родовата перспектива во одбраната е во согласност со политиките што НАТО ги презема во однос на агендата за жените и безбедноста. Во Законот за служба во Армијата и Законот за одбраната се воведени родови компоненти, како и родова структура во Министерството и Армијата, придонесувајќи кон зголемување на родовата сензитивност.
Претседателот Пендаровски истакна дека еднаквите можности и инклузивните родови политики се обврска на сите политички фактори во општеството, како и на севкупната раководна структура во Министерството за одбрана и Армијата. Во таа насока потребно е доследно спроведување на позитивните законски прописи, како и исполнување на обврските како членка на НАТО, во чија армија мажите и жените се дел од воените и цивилните структури, како и дел од меѓународните операции и вежби.
Претседателот додаде дека како одраз на поддршката на политиките за еднакви можности, во Кабинетот на претседателот првпат е поставена аѓутантка, како и ангажирана советничка за прашања од областа на родови политики и еднакви можности.
Претседателот Пендаровски исто така истакна дека покрај постигнатиот напредок, како општество треба да направиме уште крупни чекори за поголема родова еднаквост и инклузивни родови политики во разни сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

