Соопштенија
(Видео) Неделковски: Владата сè уште не ја дала помошта за спортот за мај и април

Помина цела недела откако директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, изјави дека се исплатени средствата за месец април кои се дел од државната помош за спортистите и спортските работници во време на епидемијата и тотална блокада на македонскиот спорт. Согласно уредбата сумата од 14.500 денари требаше да се исплати најдоцна до 15 мај, но трансфер на средствата нема, односно не е целосен, изјави Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„На 10-ти април, водени од критериумите за распределба на скандалозниот ваучер предложивме мерки кои опфаќаа 4.200 луѓе во висина од 2.000.000 евра, како и извор на средства од каде овие пари би биле исплатени. Но, Владата и АМС донесоа катастрофална уредба, која на крај резултираше со опфат на само 855 спортисти, спортски работници и спортска администрација кои наместо 14.500 денари ќе добијат 13.050 денари во вкупна вредност од околу 400.000 евра. Или 5 пати помалку од тоа што го понудивме како мерка. Наместо пари за 4.200, тие опфатија 855 спортисти, па и за нив нема пари на време“, рече тој.
Неделковски кажа дека од 855 корисници 767 се од колективните и само 88 се од индивидуалните спортови.
„И внимавајте, само седуммина од 88 корисници од индивидуалните спортови се спортисти. Останатите 81 се административци и помал број на тренери“, кажа тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа апарат наменет за лица со нарушување од аутистичниот спектар

Денес, Фондацијата д-р Верица Механџиска и компанијата Зегин донираа апарат TMS M50 Ultimate, наменет за подобрување на социјалната интеракција и комуникациските вештини, регулирање на сензорната хиперактивност и подобрување на когнитивната флексибилност на лицата со нарушување од аутистичниот спектар. Овој апарат, кој се донира на ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација претставува огромен исчекор во третманот и намалувањето на симптомите и предизвиците поврзани со аутизмот.
Директорката на Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација Нермин Теловска истакна дека оваа донација е од огромна важност бидејќи апаратот освен во директната работа со лицата со нарушување од аутистичниот спектар и бенефитите кои ги нуди, има напреден и современ софтвер и одлични функции за собирање и разработување на податоци кои ќе овозможат и истражувања и донесување на одлуки и протоколи базирани на податоци.
Оваа активност е директен резултат на трката со хуманитарен карактер „Зегин Спектратон-Трка на херои во сите бои“ која ја реализира Фондацијата д-р Верица Механџиска заедно со Зегин каде граѓаните преку трчање и спортски активности испраќаат моќна порака за еднаквост, солидарност и емпатија и со своите котизации поддржуваат создавање на инклузивно општество и позитивни промени за заедницата. Трката, која прераснува во традиционален настан, оваа година беше повод граѓаните да трчаат и да донираат за 4 активности, кои освен веќе-споменатиот апарат TMS M50 Ultimate, предвидуваат и опремување на сензорна соба во Здружението Рубико во Кочани, реновирање и доопремување на просториите во одделот за психофизиологија при Клиника за детски болести каде се нуди специјализирана грижа и третмани за децата со нарушување од аутистичниот спектар, како и бесплатна програма за рана проценка за нарушување од аутистичниот спектар која ќе ја спроведе Здружението Сина светулка.
Предвидените активности се доказ дека заедно можеме многу и со вклучување на сите хумани поединци и компании можеме да придонесеме кон создавање на позитивни примери и вредности за заедницата во целост.
(ПР)
Соопштенија
Приклучете се на Халкеко за активно лето со екопридобивки

Летото е период кога природата нè повикува да се движиме, да излеземе надвор и да го почувствуваме ритамот на животот. А кога тоа движење станува дел од иницијатива со вистинска еколошка вредност, секој чекор добива поголема смисла. Токму таква е мисијата на ХалкЕко, зелената платформа на Халкбанк која обединува луѓе околу заеднички вредности – грижа за природата, лична одговорност и фокус кон позитивна промена.
ХалкЕко не е обична апликација која само брои километри. Таа претставува целосно движење што ги менува навиките. Платформата нè мотивира да пешачиме, да планинариме, да трчаме, да возиме велосипед или едноставно, да ја одбереме поеколошката алтернатива во секој момент. За секоја активност, корисниците добиваат еко-поени кои може да се искористат за конкретни придобивки. Но, уште поважно, секој наш чекор придонесува за засадување нови дрвја и создавање поздраво и почисто опкружување, како дел од иницијативата што ја презема Халкбанк. Така сите заедно стануваме дел од мисијата со јасна цел, намалување на еколошкиот отпечаток и создавање поодржлива и позелена заедница.
Во изминатите пет години, Халкбанк има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и проекти за подигнување на еколошката свест кај младите генерации.
Ова лето е вистински момент да се приклучиме кон оваа промена. Дури и со најминималните активности во нашата најблиска околина, можеме да го намалиме негативниот белег кој го оставаме зад нас, додека истовремено се грижиме за сопственото здравје и благосостојба. ХалкЕко е потсетник дека одржливиот начин на живот не е секогаш сложен како што изгледа – доволни се мали чекори што имаат големо значење.
Токму овој период е од посебна важност бидејќи природата повторно се соочува со сериозни предизвици. Голем број пожари уништија значајни шумски површини низ нашата земја. Затоа, како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“, Халкбанк во соработка со ЈП Македонски шуми наесен ќе започне со нов бран пошумувања на најпогодените локации. Оваа акција е продолжение на посветеноста на Халкбанк кон општествено одговорно делување и заштита на животната средина.
Приклучете се на ХалкЕко и направете го вашето лето активно, исполнето со движење и корисно за природата. Движете се повеќе, живејте одговорно и оставете зелен отпечаток зад себе. Затоа што иднината што ја посакуваме започнува од нас, од секој изминат километар и секое засадено дрво.
(ПР)
Соопштенија
Mint Credit Giveaway – лето со стил, лето со Mint!

Летото е време за авантури, нови спомени и уживање без грижи. А што ако ти кажеме дека ова лето може да биде уште повозбудливо? Со Mint Credit не само што добиваш кредит со 0% камата и трошоци, туку и можност да добиеш неверојатни подароци кои ќе ти го разубават секој ден.
Подароците што те чекаат
Во големиот летен GIVEAWAY подготвивме 9 фантастични подароци:
• 3x Дронови – долови ги најубавите летни пејзажи од птичја перспектива.
• 3x Polaroid камери – зачувај ги моментите со фотографии во рака веднаш.
• 3x Проектори – уживај во филмови и серии на големо платно, било каде.
Mint Credit нуди кредити по најповолни услови со брз и едноставен процес на аплицирање. Без долги редици, без непријатни изненадувања – само финансиска слобода и можност да го оствариш она што го посакуваш. Сега е совршено време да ги да ги направиш летните авантури уште попријатни со помош на Mint Credit.
Не чекај – ова лето направи го незаборавно!
Добиј подароци, создавај спомени и уживај во финансиска слобода со Mint Credit. Аплицирај лесно преку Mint App (достапна на Google Play и App Store) и остави Mint Credit да ги оствари твоите желби – летото никогаш не било повозбудливо!
Повеќе информации на 15 107 или на Mint Credit.
(ПР)