Македонија
Пендаровски: Нашата земја може да се гордее на придонесот од припадниците на влашката заедница

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во Република Северна Македонија.
„Ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите. На овој ден во 1905 султанот Абдул Хамид Втори го издаде декретот со кој во рамките на Отоманската Империја беа признаени националните права на Власите и се овозможи отворање на училишта на влашки јазик како значаен чекор кон зачувување на нивната етничка и културна самобитност“, пишува во честитката на петседателот во делот посветен на историското значење на датумот.
Пендаровски потоа нагаласува дека по 115 години од овој чин, припадниците на влашката заедница во Република Северна Македонија, го остваруваат правото на граѓанско и политичко организирање, уживајќи ги сите права како и останатите етнички заедници со што го зајакнуваат својот етнички, јазичен и културен идентитет.
„Нашата земја со право може да се гордее на придонесот на припадниците на влашката заедница во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење. Нашето мултиетничко и мултикултурно општество не е само резултат на законски одредби, стандарди и практики. Тоа е одраз на меѓусебното разбирање, заедништво и почит на сите наши граѓани“, посочува претседателот, кој својата честитка ја завршува со зборовите: „Нека ни е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Куќен притвор и мерки на претпазливост за осомничените напаѓачи на Арсовска

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост.
-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија со кои: С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 1,2,3 и 6 од ЗКП односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во судот, одземање на патната исправа и забрана за приближување и контактирање со одредени лица, велат од Основниот кривичен суд Скопје.
Од Судот наведуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Градоначалничката Арсовска била нападната вчера додека со колеги од Град Скопје правела увид на дивоградба во Општина Чаир.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека само СДСМ и бугарските политичари ја бранат Арсовска

Некогаш големата СДСМ се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека и СДСМ во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.
„Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела. Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина. ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот напад на градоначалничката на Скопје, Данела Арсоска.
Македонија
Музејот на вода во Охрид е отворен за посетители по реновирањето

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за култура и туризам, Зоран Љутков, и за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, како и пратеници во Собранието, ја промовираа реконстукцијата на Музејот на вода во Охрид, заедно со наколната населба во Заливот на коските кај Градиште на брегот на Охридското Езеро.
Како што беше истакнато на настанот, станува збор за обемен градежен зафат за целосна реставрација на локалитетот, што е еден од најдоходовните објекти од тој вид во Охрид и земјата.
Обновени се палафитната населба, на изложбениот простор во музејот, санитарните јазли, осветлувањето, вентилацијата, а ќе се спроведе и наводнувањето на локалитетот, за што веќе е избран изведувач.
Премиерот Мицкоски истакна дека очекува со консолидирањето на состојбите во земјата да се зголемат и инвестициите во културата.
– Не случајно секторот туризам го додадовме до Министерството на култура и тоа стана Министерство за култура и туризам, бидејќи според спроведените истражувања најголемиот дел од посетителите, односно туристите коишто ја посетуваат Македонија како туристичка дестинација токму тоа е и причината зошто ја посетуваат, односно богатото културно наследство. Овој објект овдека, оваа населба овдека и заедно со придружната инфраструктура навистина претставува еден значаен објект за Охрид и за туристите коишто го посетуваат Охрид, рече тој.
Мицкоски истакна дека добрата соработка на релација локална и централна власт неминовно дава резултати.
– Тука не застануваме со инвестиции, продолжуваме и понатаму им честитам и на останатите коишто беа вклучени во поддршката на реализацијата на овој проект, министерот, градоначалникот, сите останати кои што помогнаа, тука е и министерот за транспорт и потпретседател на Влада кој што силно е фокусиран во делот на подобрување на инфраструктурата во Охрид и околината, пратениците во Собранието коишто жестоко се борат за проект повеќе за Охрид. Така што кога имаме една ваква енергија којашто се обединува помеѓу локалната и централната Влада тогаш резултатите и успехот се неизоставени, реле премиерот Мицкоски.
Министерот за култура Љутков во оваа прилика посочи на ситуацијата што ја затекнал на овој локалитет кога стапи на функцијата, како што рече, една девастирана институција, неодржуван запуштен локалитет што е недозволиво за таква туристичка атракција.
– Веднаш презедовме мерки, направивме план што треба да се направи за овој музејски комплекс…Се потрошија 15 милиони денари и се уште ќе се издвојуваат средства за еден доходовен комплекс како што е Музејот на вода. Во наредниот период ќе инвестираме и во други содржини во Охрид, како што гледам и патната инфраструктура е доста подобрена, се подобруваат условите и ќе продолжиме со исто темпо и натаму, рече Љутков.
Градоначалникот на Охрид, Пецаков од своја страна рече дека изминатите триесеттина дена во Охрид се бележат повеќе важни настани директно поврзани со инфраструктуриниот развој на Охрид, но и инфраструктурата поврзана со туризмот.
– Ова е само почеток и преку соработка на локалната самоуправа со централната власт очекувајте уште многу вложувања во наредниот период, рече Пецаков.
Реконструкцијата на локалитетот Музеј на вода – Залив на коските е реализирано преку средства што се обезбедени од НУ „Завод и музеј – Охрид“, како дел од пошироката стратегија за поддршка на културното наследство и развој на туризмот во Охрид.