Македонија
Унија на ЗМСТАС: Горди на медицинските сестри кои претставуваат пример за професионалност
Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ изразува огромна радост и задоволство за успешниот и историски исчекор во медицината во земјава – првата трансплатација на срце.
„Би сакале да им одадеме почит на сите вклучени здравствени работници, приклучувајќи се кон упатените честитки од Министерството за здравство (https://vlada.mk/node/21492), дополнувајќи го со истакнување на нашите медицински сестри на кои сме особено горди и кои претставуваат пример за професионалност на идните кадри:
мед.тех. Слаѓана Гроздановска,
мед.тех. Јелена Жарковиќ,
дип.мед.тех Имран Елези,
мед.тех. Мартина Караѓоска
и мед.тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за Државна Кардиохирургија;
мед.тех. Магдалена Станчева
и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за Државна Кардиохирургија;
мед.тех Александра Темелковска,
мед.тех. Бранко Чочек,
и мед.тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ тимот на Жан Митрев Клиник;
дип.мед.тех Катерина Ристовска
и дип.мед.тех. Александра Ристовска Тунев – инструментарки од Жан Митрев Клиник;
и дип.мед.тех. Весна Наумовска – анестетичарка од Жан Митрев Клиник.
ЗМСТАС – ЗА НАС и понатаму продолжува со ангажманот во проектот со Здружението на граѓани „НЕФРОН за кадаверична трансплатација. Нека ова големо човекољубие и донирање на органи стане наше секојдневие“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

