Македонија
Заев: Празничните денови поминете ги во мир, љубов, спокојство и меѓусебно разбирање

„Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод верскиот празник Фитер Бајрам.
„Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата.
Како значајни политички чинители во општеството, водиме грижа и преземаме максимална одговорност кон зачувување на здравјето, достоинството и благосостојбата на сите наши граѓани. Преку воспоставување на професионалност, независност и демократизација на државните институции, нашата земја заедно со вас со сигурни чекори ги реализира своите аспирации и определби кон европското семејство, каде што припаѓаме.
Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање“, се додава во четитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.