Македонија
Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти
 
																								
												
												
											Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистрирани се 12 нови случаи во Скопје, пет случаи во Тетово, три во Куманово и еден во Штип.
Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во Скопје- седум, по двајца во Куманово, Прилеп и Велес и по еден во Гостивар, Крива Паланка, Пехчево и Берово.
Вкупната бројка на случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 725, активни 204
• Куманово – 436, активни 35
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-41, активни 6
• Прилеп –210, активни 46
• Тетово – 177, активни 82
• Струга – 75, активни 8
• Велес – 127, активни 41
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1
Досега во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)
Македонија
Без вода дел од Чаир
 
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди
 
														Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											