Македонија
Заев разговараше со Курти: Неделава ќе се знае кога ќе бидат закажани изборите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должност премиер на Косово и претседател на Движењето Самоопределување.Во разговорот заеднички беше заклучено дека и Република Северна Македонија и Косово доста добро се справија со кризата предизвикана од коронавирусот.
Претседателот Заев нагласи дека двете сестрински партии треба да ја продолжат добрата и блиска соработка која ќе придонесе за подобра иднина на двата соседа и нивните граѓани.
„Имам целосна почит кон граѓаните на Косово, можете да се потпрете на нас, нашата иднина е во ЕУ, посочи Заев, додавајќи дека се надева на заемно прифатливо решение помеѓу Србија и Косово.
Во однос политичките состојби и одржувањето избори, претседателот Заев истакна дека до крајот на оваа седмица ќе се знае кога ќе бидат одржани изборите во Северна Македонија, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.