Македонија
Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни
Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца.Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Во контиутет ги следиме социјалните мрежи, видеа и содржините кои се објавуваат и секаде каде што има основ за постапување, МВР презема соодветни активности, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на Фејсбук.
Во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото, вели тој.
„На сила се уште е ограничувањето на движењето кое беше воведено за продолжениот викенд кој завршува денес. Министерството за внатрешни работи со сите свои ресурси го контролира спроведувањето на одлуките на Владата и овој пат со задоволство можам да констатитирам дека полициските службеници одговорно и професионално ја вршат својата работа, а граѓаните се одговорни. И воедно ќе напоменам дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имаше распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитува на територијата на целата држава.
Наспорен факт е дека заедничка желба на сите нас е состојбата да се нормализира што поскоро и во таа насока апелирам на разумност, одговорност и строго придржување до препораките за заштита на здравјето“, вели Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

