Контакт

Економија

Изненадувачки практичен и секако Simply Clever: ENYAQ iV ја претставува иднината на ŠKODA

Објавено пред

Емотивен, ефикасен, електрифициран: новиот ŠKODA ENYAQ iV означува пионерски чекор напред во стратегијата наŠKODA.

dobivaj vesti na viber

Првиот модел базиран на MEB модуларната платформа за електрични автомобили на Volkswagen Group, комбинира типични доблести како што се великодушен простор и емотивен дизајн со забавно, но сепак еколошко возење. Постои избор на три големини на батерии и пет варијанти на моќност, во зависност од барањата.

Генералниот директор на ŠKODA AUTO CEO, Бернард Маер, изјави:„ENYAQ iV го означува почетокот на новата ера за ŠKODA, тој е фигура на нашата кампања за Е-мобилност. Со тоа, ние го внесуваме Simply Clever елементот во електро-мобилноста благодарение на големиот досег и краткото време потребно за полнење. Во исто време, ENYAQ iV ги носина ново ниво типичните доблести на ŠKODA, како што се супериорниот простор во внатрешноста, модерниот дизајн и максималната функционалност. Нашиот прв електричен модел базиран на модуларната платформа за електрични автомобили на Volkswagen Group ќе биде направен во нашата главна фабрика во Млада Болеслав, во срцето на ŠKODA“.

Новиот ENYAQ iV е типиченмодел на ŠKODA, но со потполно нов погонски концепт. Првиот потполно електричен модел на чешки производител, базиран на платформата за модуларен електричен автомобил MEB, која исто така е идеално прилагодена за голем досег со кој се поминуваат до 500 км со едно полнење на батеријата. Поради концептот на возилото, дизајнерите беа во можност да го уредат ентериерот на ŠKODA ENYAQ iV на еден сосема нов начин. Ова резултира со уште поголем простор за патниците и нивниот багаж и покрај компактните димензии на автомобилот, додека исто така претставува модерен и емоционален целокупен дизајн. Покрај тоа, ENYAQ iV нуди најсовремена поврзаност, како и решенија за инфозабавакарактеристични за ŠKODA и Simply Clever.

Првиот електрифициран SUV на чешкиот производител на автомобили е долг 4.648 mm, широк 1.877 mm и има висина од 1.618 mm. Растојанието меѓу оските изнесува 2.765 мм, а капацитетот на багажникот е 585 литри. Нискиот праг за товарење на багажниот простор овозможува товарење без напор, дури и на тешки или гломазни работи.

ŠKODA ENYAQ iV ќе биде првото возило базирано на MEB платформата што ја активира производствената линија надвор од Германија. Поставен е да биде направен во главната фабрика на ŠKODA во Млада Болеслав, со споделување на производната линија со модели што се засноваат на платформата MQB.

Светската премиера на возилото ќе се одржи наскоро, додека сериското производство на ŠKODA ENYAQ iV ќе започне кон крајот на 2020 година. Првите модели ќе бидат дел од линијата „Founders Edition“, опремени со специјални детали и различен изглед. Оваа линија ќе биде ограничена на 1.895 единици, во знак на одбележување на основањето на компанијата пред 125 години.

ŠKODA ENYAQ iV може да се полни на три различни начина. Покрај конвенционалниот приклучок за домаќинство од 230 волти, со наизменична струја од 2,3 kW, возилото може, исто така, лесно да се полни во текот на ноќта дома со помош на „wall box“ кој испорачува до 11 kW. Полнењето на овој начин трае шест до осум часа во зависност од големината на батеријата. DC станици за брзо полнење со моќност од 125 kW се третата опција. Овие можат да ја наполнат батеријата на ENYAQ iV од 10% до 80% за само 40 минути.

Електрифицираните возила од семејството ŠKODA iV се совршен спој на практичност, емотивен дизајн и одлично забавно возење. Згора на сè, тие се пријатни, тивки и еколошки одржливи, додека исто така може да се пофалат со особено динамично доставување на електрична енергија. Вртежниот момент на електричен мотор е достапен веднаш, што значи дека автомобилите можат да забрзуваат постојано и доследно, без да бараат никакви промени во менувачот. Најсовремена поврзаност со широко вмрежување на возила и напредни системи за помош на возачот се исто така дел од она што ŠKODA iV има да понуди, покрај одличната вредност за парите, претставуваи уште попространа внатрешност која пренесува комплетно нов дизајн.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

МФ: Силна доверба од меѓународните инвеститори- успешно реализирано издавањето на 10-тата Еврообврзница

Објавено пред

Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.

dobivaj vesti na viber

„Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години.

Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија“, соопшти Министерството за финасии.

„Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра, што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата.

Повеќе од 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии.

Во случајот на двете транши, каматата е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години.

Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.

Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори.

Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво.

Министерството за финансии останува посветено на транспарентност и стабилност, со цел обезбедување најповолни услови за финансирање и зајакнување на позицијата на земјата на меѓународните финансиски пазари.

Во насока на одговорно и стратешко управување со јавните финансии, Министерството за финансии во последниот квартал од 2025 година интензивно работеше на анализа на пазарните услови со цел да го определи најсоодветниот момент за стратешки излез на меѓународниот пазар на капитал на почетокот од 2026 година.

Како дел од овие активности, тимот на Министерството за финансии во ноември реализираше посета на Лондон , каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори.

Во периодот од 11 до 12 јануари 2026 година, Министерството оствари средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата.

Со оваа Еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти.

Издавањето на Еврообврзницата е согласно напорите на Министерството за финансии за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок.

Државата стана прва земја во регионот и прва земја надвор од Европската унија која излегува на меѓународниот пазар на капитал, што сведочи за довербата во напорите на Министерството за финансии, особено имајќи го предвид износот на задолжувањето“, се наведува во соопштението на Министерството за финасии.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина

Објавено пред

Од

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата.

На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и за заеднички проекти поврзани со зелената транзиција.

Министерката Божиновска истакна дека нашата земја е посветена на преземање конкретни чекори кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Таа ја оцени поддршката од јапонска страна како значајна за обезбедување на енергетска независност и одржливост.

Двете страни ја потврдија потребата од зацврстување на позицијата на Северна Македонија на глобалната енергетска мапа како кредибилен и доверлив партнер во светската транзиција кон зелена енергија. На крајот, беше заклучено дека соработката во областа на енергетските реформи и инфраструктурните проекти ќе продолжи и во иднина.

Прикажи повеќе...

Економија

COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе

Објавено пред

COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.

dobivaj vesti na viber

COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.

Што добиваат купувачите

  • Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
  • Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
  • Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
  • Стручна поддршка и советување при избор на производи.
  • Сервисна поддршка и гаранција за производите.
  • Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство

Combo

 

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа4 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија7 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа7 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет8 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет8 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија8 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија10 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија12 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија13 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија13 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија13 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија14 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија17 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ18 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет18 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет19 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет19 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет19 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....