Забава
На црвените теписи во Холивуд им треба преуредување среде пандемија
Може да потрае долго додека да се слушне вообичаеното прашање на црвениот тепих во Холивуд – „и, кого ќе носиш вечерва?“
Црвените теписи, извор на енергија на филмските премиери и наградни церемонии, се всушност увертира исполнета со бучава на гламурозни актери, фотографи, интервјуа пред влезот во салата, свечени фустани и восклици на воодушевени фанови.
Но, како што Холивуд се справува со пандемијата на коронавирус, црвените теписи од блиската иднина ќе изгледаат многу поинаку – ако воопшто ги има, пишува „Ројтерс“.
Преполни со фотографи, sвезди на таканаречената А-листа, публицисти и фанови што молат за селфи, црвените теписи се клучен елемент во холивудската рекламна машинерија. Но, ваквите настани, кои се примамливи за гледање, се речиси невозможни во ерата на социјално дистанцирање.
„Сите очајнички сакаат да се вратат во нормална верзија, каде што сме со луѓе лично, рамо до рамо“, рече еден холивудски публицист, кој претпочиташе да не биде именуван.
„Мислам дека нормалата нема да се врати во целост додека не откријат некаква вакцина. Којзнае кога луѓето ќе сакаат да се вклучат физички во лични интеракции, а камоли на патување за да дојдат до тие места“, вели публицистот цитиран од „Ројтерс“.
Голем тест ќе има во јули кога се закажани премиерите на трилерот на Кристофер Нолан, „Тенет“, и Дизниевата акција „Мулан“, први премиери откога новиот коронавирус ги затвори киносалите во целиот свет, а студијата го одложија прикажувањето на десетици филмови до крајот на 2020 или во 2021 година.
„Ворнер брос“ и „Дизни“ не објавија планови за рекламирање за двата филма ниту, пак, организаторите на телевизиските награди „Еми“, кои треба да се одржат во Лос Анџелес во септември.

Планерот на настани во Лос Анџелес, „15/40 продакшнс“, кои имаат осмислено повеќе од 200 холивудски премиери, се советуваат со неколу студија за планови што вклучуваат социјално дистанцирање.
„Моравме да преиспитаме како ќе финкционира посткарантинот држејќи ги луѓето раздвоени“, рече Крег Валдман, претседател на „15/40 продакшнс“.
Најголемото непознавање е дали ѕвездите од А-листата ќе се појават.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Амал Клуни покажа две модни изданија кои ја натераа Италија да ја обожава
Холивудскиот пар Амал и Џорџ Клуни се појавуваат заедно на секој голем настан, па затоа не сакаа да ја пропуштат церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Италија е „центар на светот“ во изминатите неколку дена и ќе остане така до 22 февруари, а големи „виновници“ за ова се познатите ѕвезди кои привлекуваат внимание со својот изглед и модни изданија.
Бидејќи Амал со години важи за една од најстилските жени, логично е да се очекува дека таа и Џорџ ќе бидат следени на секој чекор. Моментално, две нејзини изданија ги воодушевуваат сите, првото при пристигнувањето, а второто за време на гала вечерата организирана во чест на Зимските олимписки игри.
За нејзиното пристигнување во Милано, Амал избра краток црн фустан во комбинација со чизми со животински принт, кои беа ѕвезда на овој аутфит. Станува збор за модел на Версаче кој совршено ги истакна нејзините долги и витки нозе.
Сепак, Амал брзо успеа да ја засени претходната комбинација, појавувајќи се на галата во елегантен фустан со смел деколте, украсен со детали од тил, а сето тоа го комбинираше со црни чевли.
Спектакуларни обетки и чанта заокружија сè, а Клуни блескаше покрај неа во класичен црн костум.
Забава
(Фото) Без филтри, шминка и апликации за разубавување – Адријана Лима го покажа своето вистинско лице
Адријана Лима се смета за една од најубавите жени во светот. Нејзината убавина и заводлив поглед ги освоија луѓето ширум светот, особено познатите дизајнери и модни куќи за кои таа е вечна инспирација и муза.
Често ја гледаме во гламурозни стајлинзи кои привлекуваат воздишки и погледи, но многу ретко во лежерни комбинации. Сепак, сега таа одлучи да нè изненади сите и да ни покаже сосема природен изглед.
Адријана Лима неодамна беше фотографирана на аеродромот во Буенос Аирес, а ги пречека фотографите на странските медиуми со широка насмевка. Познатата Бразилка носеше лежерна комбинација за оваа пригода – широки фармерки и најобична бела маица, кои ја истакнуваа нејзината фигура слична на модел.
Додаде црни очила за да го скрие погледот од љубопитните фотографи, но оваа намера не успеа. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа која го откриваше нејзиното лице.
New : Adriana Lima at the airport in Buenos Aires pic.twitter.com/HysmUyZs9U
— Victoria’s Secret Actu (@vsactu) February 7, 2026
Со овој изглед, Лима докажа дека не ѝ треба скапа шминка или апликации за убавина за да изгледа беспрекорно.
Затоа, меѓу другото, таа е најбараниот ангел на „Викторијас Сикрет“!
Забава
„Невидливи“ процедури: Прекрасното лице на Мишел Фајфер на 67 години не е дар од природата
Познатата актерка Мишел Фајфер (67), иако одамна е во седмата деценија од животот, воодушевува со својот изглед на секој чекор. На нејзиното последно појавување, таа шармираше со лежерно модно издание, меѓутоа, многу повеќе се зборуваше за нејзиното прекрасно лице.
Познато е дека Мишел изгледа младешки, но со голо око не можете да видите никакви козметички процедури на нејзиното лице и речиси е невозможно да се утврди дали и што точно си направила.
Според естетскиот хирург д-р Пол Банвел, сјајот и убавината на Мишел Фајфер лежат во внимателното одржување, а не во магијата. Сепак, јасно е дека актерката не сака да ги избрише своите години.

Michelle Pfeiffer arrives at the 49th Annual AFI (American Film Institute) Lifetime Achievement Award Gala Tribute Celebrating Nicole Kidman held at the Dolby Theatre on April 27, 2024 in Hollywood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Според докторот, можно е актерката да имала конзервативен лифтинг на лицето и лифтинг на вратот, заедно со лифтинг на веѓите и очните капаци, пишува Дејли меил.
Со оглед на тоа што Мишел има одличен тен, д-р Банвел тврди дека хемискиот пилинг и ласерските третмани се одговорни за ова.
Едно е сигурно, ова не е резултат на еден третман, туку на повеќе години инвестирање, со мали количини на ботокс инјектирани за да се спречи нејзиното лице да изгуби движење.
Според д-р Пол Банвел, „импресивно острата дефиниција по должината на вилицата и вратот е веднаш забележлива“.

Michelle Pfeiffer attends the Los Angeles Premiere of “Stardust” held at the Paramount Pictures Studios in Hollywood, California, on July 29, 2007. Copyright 2007 by Popular Images
„Иако добрата нега на кожата и здравиот начин на живот сигурно играат улога, ова ниво на структурна поддршка често укажува дека таа можеби имала корист од внимателно осмислено хируршко одржување во одреден момент“, објасни хирургот.
Важно е што сè изгледа беспрекорно, а Мишел Фајфер не добила „ново лице“, туку само подобра верзија од нејзиното „старо лице“.

