Свет
„Твитер“ јавно го обвини Трамп дека шири непроверени информации

„Твитер“ ги повика корисниците да ги проверуваат податоците во твитовите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со гласањето преку пошта се покажале невистинити.
Американскиот претседател веднаш му одговори на „Твитер“ во твит тврдејќи дека компанијата се меша во претседателските избори во САД.
„’Твитер’ комплетно ја задушува слободата на говор, а јас како претседател нема да го дозволам тоа“, напиша Трамп.
There is NO WAY (ZERO!) that Mail-In Ballots will be anything less than substantially fraudulent. Mail boxes will be robbed, ballots will be forged & even illegally printed out & fraudulently signed. The Governor of California is sending Ballots to millions of people, anyone…..
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 26, 2020
Со син извичник, „Твитер“ под твитот на Трамп ги предупредува корисниците да ги проверат фактите за гласањето по пошта и ги насочува кон страница со написи од весници и информации, што тимот за проверка на факти ги дознал за тврдењата на Трамп.
„Трамп изнесува неосновани тврдења дека гласањето по пошта ќе доведе до изборни злоупотреби“, е еден од насловите на горниот дел од страницата.
Трамп, кој има 80 милиони следбеници на „Твитер“, вчера изјави дека гласањето по пошта е значително неправедно и дека ќе резултира со лажирани избори.
Во тој поглед тој го именува гувернерот на Калифорнија иако таа сојузна американска држава не е единствената што користи гласање по пошта.
„Твитер“ потврди дека првпат ја применува специјалната опција за обележување твит бидејќи новата политика на компанијата за објавување погрешни информации беше воведена на почетокот на овој месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.