Економија
(Видео) Мицкоски: Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра
Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека СДСМ во првите четири месеци од годинава го зголемил долгот на граѓаните за 1,8 отсто од БДП.
„Наместо да имаме намалување на јавниот долг, ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1,8 отсто. Секое семејство го задолжија за приближно 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. Тука ќе потсетам – не е опфатена помошта кон стопанството и не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на домашниот бруто-производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1,8 отсто во првите четири месеци, тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020 година, без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните, ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1.500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во извештајот на Министерството за финансии, кој опфаќа реализација на буџетот во првите 4 месеци, т.е. периодот од 1 јануари до 30 април 2020 година, е покажано дека дефицитот изнесува рекордни 200 милиони евра или приближно малку повеќе од 12 милијарди денари.
„Како е тој дистрибуиран по месеци – во јануари 20 милиони, во февруари – март 50 милиони и рекордни 80 милиони евра во април. Тоа е доволен показател дека Владата немала ниту во еден момент намера да им помогне на граѓаните и бизнисот, туку единствена цел била поткуп, т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.
Тој рече и дека во првите четири месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада, реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она што било планирано на почетокот на годината.
„Во 2019 година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11,25 проценти кога немаме техничка влада. Да потсетам, тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018 година реализацијата на капиталните инвестиции е 14,23 проценти, во 2017 година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.
Во 2016 година, кога исто така имаме техничка влада, капиталните инвестиции се реализирани во износ од приближно 19 проценти од она што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.