Соопштенија
Николов: Поголема смртност од Ковид-19 од нас во регионот има само Романија

Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број починати на 1 милион жители веднаш пе Романија. Ова нема што да нè зачудува. Во системот не се промени ништо, лекарите и здравствените работници беа тие што се судрија со вирусот, а кои беа оставени без опрема на почетокот и со цело срце и душа влегоа во битка со Ковид-19, додека нивниот ПР-министер држеше пресови двапати на ден, вели Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, дека ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус.
„Во стилот на старите добри сталинистички времиња, се јави Венко Филипче со триковите и финтите на Зоран Заев да ја коригира опозицијата, но и да прати абер до оние новинари што малку повеќе анализираат. По примерот на Заев, кој пред некое време објави табели за платите на докторите и сестрите, но со ситни букви дека станува збор за бруто-плата, така и Венко ги заменува статистичките термини смртност и број на починати на 1 милион жители. Користејќи разни термини, исто како што правеше на почетокот на епидемијата, кога опозицијата апелира да се подготвиме за ударот и да се превемат мерки, Венко Филипче објаснува дека се злоупотребува терминот смртност за политички цели, а всушност во јавноста се зборуваше за број на починати од Ковид-10 на 1 милион жители. Смртноста ни била добра од Ковид-19, иако тој и Министерството не обезбедија респиратори. Не обезбедија тестови чии резултати ќе ги имаме бргу и ќе се носат одлуки веднаш за секој пациент дали е Ковид + или не, па сега ќе се фали дека тестирал пост мортем. Сè во име на транспарентноста и маркетингот зачинет со ПР-трикови“, вели Николов.
Тој сподели линкови и табели со анализа, кои, како што вели, зборуваат за број на заразени и починати на милион жители, каде што Македонија е претпоследна во регионот, има најголем број починати на 1 милион жители веднаш по Романија.
„Доколку беше транспарентно, јавноста ќе имаше увид на кој начин Филипче ја составил Комисијата за заразни болести, зошто го сменил пред еден месец претседателот на Комисијата на заразни болести, ќе имаше увид во тестовите, времето и бројот на нивното соопштување, ќе имаше увид колку години се стари респираторите што се користат на Инфективната клиника, дали функционира собата со негативен притисок, колку квадратни метри простор има од пациент на интензивна нега, каква дијализа има – ацетатна или бикарбонатна, колку денови во просек биле на респиратор починатите, зошто сè уште немаме неинвазивни вентилатори таканаречени кациги CPAP, кои ги гледаме на клиповите од италијанските болници. Тоа е транспарентност, сè друго е ПР-маркетинг на кој министерот не одолеа да му се спротивстави, па виновни му се новинарите и опозицијата“, вели Николов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.