Свет
Трамп потпиша важен указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша указ со кој се ограничува заштитата на социјалните мрежи и слободата што ја имаат при модерирање на својата содржина.
„Ние сме тука да ја браниме слободата на говорот од една од најтешките опасности“, истакна Трамп во Овалната канцеларија потпишувајќи документ што, најверојатно, ќе биде почеток на долга правосудна битка.
Станарот на Белата куќа го обвини „Твитер“ дека донесува уреднички одлуки и дека се занимава со политички активизам во изборот на пораки за кои одлучува дека треба да се проверат.
„Тие имаат неконтролирана моќ да ги цензурираат, уредуваат, кријат и менуваат сите форми на комуникација помеѓу поединците и пошироката јавност“, оцени тој споменувајќи ги големите компании во силиконската долина.
„Не можеме да дозволиме ова да продолжи, многу е неправедно“, предупреди тој.
Според Трамп, оваа регулатива бара нови регулативи со цел социјалните мрежи, кои вршат цензура, да не може да ја зачуваат својата правна заштита.
Досега „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“ и „Гугл“ беа заштитени од судско гонење поради содржини објавени од трети лица и имаа слобода по сопствена процена да интервенираат на платформите.
Американскиот претседател се закани дека ќе донесе регулативи во врска со социјалните мрежи откога неговата омилена платформа „Твитер“ оваа недела првпат објави предупредување заедно со неговиот твит дека треба да се проверат фактите од неговата изјава за кои многумина сметаат дека не биле вистинити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.
„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто тој ја продолжува таа војна“.
Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, што остава „многу лош“ впечаток, според новинската агенција ДПА.
„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.
Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.
„Тој сака оружје. Би сакал Томахавки“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со овие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.
фото: принтскрин
Европа
Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев и други украински региони доцна синоќа.
Проблеми со притисокот на водата беа пријавени и во делови од украинскиот главен град, објави Ројтерс. Градската администрација на Киев соопшти на платформата Телеграм дека преоптоварувањето предизвикало проблеми во една од главните електрани во градот.
Три централни области на Киев на западниот брег на реката Днепар останаа без електрична енергија. Како резултат на тоа, метрото во Киев мораше привремено да се потпира на резервна електрична енергија за да продолжи со работа, објави Ројтерс.
Градската власт подоцна објави дека службите за итни случаи ја вратиле струјата во погодените области, иако сè уште се пријавуваат прекини на електричната енергија во некои области. Администрацијата додаде дека притисокот на водата ќе се врати на нормално ниво во рок од два до три часа.
Укренерго, компанијата што управува со високонапонските далноводи во Украина, соопшти дека проблемите предизвикани од руските напади врз електроенергетскиот систем предизвикале прекини во електричната енергија низ северна, централна и југоисточна Украина.
Русија ги фокусираше своите напади врз енергетски цели во Украина во последните недели. Серија напади врз Киев и други области оставија милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија минатата недела.
фото: принтскрин
Свет
Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно одликување во Соединетите Американски Држави.
„Денес сме тука да му оддадеме почит и да се сетиме на неуморниот борец за слобода, на сакан лидер кој ги инспирираше идните генерации како никој друг“, рече Трамп на церемонијата во Белата куќа одржана на денот на роденденот на Кирк.
Кирк, основач на Turning Point USA, беше застрелан и убиен на 10 септември за време на дебата на Универзитетот во Јута Вали. Неговото убиство ја шокираше нацијата и повторно ги разгоре дебатите за политичкото насилство.
Републиканскиот претседател оттогаш се зафати со она што го нарече „радикален левичарски екстремизам“, испраќајќи владини агенции, вклучувајќи ги ФБИ, Министерството за внатрешни работи и Службата за внатрешни приходи, да истражат групи обвинети за финансирање и поттикнување политичко насилство.
На вчерашната церемонија во Белата куќа присуствуваа потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и сенаторите Тед Круз, Мајк Ли и Рик Скот, како и мноштво медиумски личности и други сојузници на Трамп.
Кирк, познат по своите дебати на кампусите за прашања како што се абортусот, имиграцијата и расната еднаквост, одигра голема улога во мобилизирањето на младите гласачи за Трамп во 2024 година.
Американскиот претседател го нарекува „маченик за американската слобода“, а двата дома на американскиот Конгрес во септември донесоа резолуции со кои го прогласија 14 октомври за „Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк“.
фото: принтскрин