Свет
Мигрантите во Ла Манш се заканија дека ќе си ги фрлат децата во водата за да ги избркаат Французите
Нелегалните мигранти што минуваат низ Ла Манш во мали чамци се закануваат дека ќе се удават себеси или своите деца за да ги вратат француските бродови, пренесува „Тајмс“.
Мигрантите од логорите заразени од коронавирус на францускиот брег го преминуваат англискиот канал во рекордни броеви, при што многумина навидум се придружувани во британските територијални води од француски бродови наместо да бидат пресретнати и вратени назад.
Британската влада, која ѝ плати на француската влада милиони фунти за да ги запре мигрантите да ја користат Франција како отскокна штица за Велика Британија, ја бранеше оваа состојба – нападната од Најџел Фараж – со образложение дека француските власти според меѓународното право не може да ги спречат мигрантите да побараат помош и дека британските власти на сличен начин не смеат да ги вратат чамците, туку мора да ги придружуваат до Англија, каде што тие ќе ги достават своите лажни барања за азил.
Јавноста е скептична во врска со овие објаснувања, со оглед на тоа што Австралијците со години спроведуваат успешна политика за враќање на мигрантските чамци, но новите извештаи откриваат дека Французите имаат нов изговор за да не пресретнуваат мигрантите бидејќи некои од нив се закануваат дека ќе се фрлат во водата, или тие или нивните деца, ако бродовите им се приближат.
„Кога француските патролни бродови се приближуваат до чамците, мигрантите се закануваат дека ќе скокнат или ќе ги фрлат своите деца во водата за да ги спречат властите да им помогнат. Французите немаат друг избор, освен да се повлечат и да ги следат чамците додека не се доближат до брод на пограничнтеи сили на Велика Британија“, изјави во четвртокот Ричард Форд, дописник на „Тајмс“.
Јасно е дека мигрантите што се однесуваат на овој начин вршат разни кривични дела според меѓународното право и домашните закони и на Велика Британија и на Франција, а сепак ниту една земја не дала никакви индикации дека ги апси нелегалните мигранти за вакви дела.
Исто така, останува нејасно зошто мигрантите не можеле, сепак, да бидат испратени назад во Франција по пристигнувањето на британска територија бидејќи меѓународните конвенции против таквите дејства не се правно обврзувачки.
Според „Телеграф“, британскиот секретар за внатрешни работи, Прити Пател, планира да донесе нови закони откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ за да може полесно да ги вратат мигрантите преку каналот во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

