Македонија
Град Скопје објави конкурс за идејни решенија за 3 летни сцени во Градскиот парк

Градот Скопје објави конкурс за избор на 3 партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на 3 локации во зелениот појас на Градскиот парк.
Целта на оваа иницијатива е со дефинирање на локациите на Летната отворена сцена во партерното уредување да се зголемат содржините во паркот и на тој начин да стане еден несекојдневен природен амбиент, поинвентивен и попривлечен за посетителите.
Идејните решенија се однесуваат на следните 3 локации:
– Локација број 1 : Површина во Градски Парк Скопје , која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето;
– Локација број 2 : Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт;
– Локација број 3 : Површина во Градски парк Скопје , која се наоѓа во вториот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90.
Предмет на работа на конкурсот е партерно уредување на Летна отворена сцена која треба да претставува тридимензионален материјален исказ поставен во отворен простор. Идејата на овој проект е преку партерно уредување на локациите да се предвидат позиции на кои би се поставиле монтажни бини во рамките на Летната отворена сцена со што ќе се направи интерактивно место на кое ќе се одржуваат културни манифестации на отворен простор и ќе овозможи поголем пристап на посетители кои ќе посетуваат одреден вид на настани од областа на културата.
Исто така, идејата е да се запази природниот амбиент на наведените 3 (три) локации на кои ќе се постави оваа летна сцена, односно, да се искористат рељефните содржини на самите локации за поставување на гледалиштето наспроти сцената.
Партерното уредување на Летната сцена, особено треба да се одликува со високи естетски вредности.
Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 16.06.2020 година во 12:00 часот во Град Скопје – Барака 1а.
На конкурсот ќе бидат доделени три главни награди во бруто износ од 70.000 денари за секоја локација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.