Македонија
Чулев законски делел решенија во МВР, Управниот суд утврди дека Владата погрешно ги поништила

Управниот Суд на седница одржана на 7 мај донесе пресуда со која тужбата на тужителот Министерство за внатрешни работи застапувано од Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, се усвојува, додека Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.
Тужбата на Министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, а со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот. Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат соглсно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд“, вели министерот Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
АМСМ: Зголемена фреквенција на патиштата – на Табановце и Богородица се чека по 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
ДЗС и МВР во заедничка акција за извлекување на повреден планинар

Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско

СДС во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.
Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.
Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.
Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.
Но, туѓите агенди се прочитани.
Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.
Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.