Македонија
Мицкоски: Власта глумеше нова нормалност поради брзи избори
Владата глумеше изнасилена нормалност, основана на нездрави основи кои овие денови гледаме дека завршуваат со класична капитулација, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во насока на одржувањето на изборите.
„Луѓето со право се прашуваат зошто седеле дома повеќе од 2 месеци кога вака власта дозволи, поради брзи избори да глуми нова нормалност и да ги изложи сите граѓани на нов ризик. Но и во право се оние кои се чудат како е можно вака ноншалантно веднаш да заборави власта на ризиците, мерките и крантнините, само во функција на налог кој ќе го добие од Зоран Заев да глумат дека се е нормално. Патем ние сме единствената земја во светот која веќе го живее новиот бран на Ковид 19 вирусот кој е последица на лошо менаџирање и политички притисок на еден човек“, рече Мицкоски.
Воедно тој изрази разочарување и од Комисијата за заразни болести и нивните проценки бидејќи, како што рече, наместо по Хипократова заклетва тие се водат по Заевиот диктат.
„Повеќето се директори поставени од оваа власт предводени од докторот со политички амбиции Караџоски, и може да се каже дека во најголема мера ги сервисираат потребите и барањата на Бихачка и Заев, наместо потребите на системот кој не покажа отпорност кон оваа деликатна здравствена ситуација. Затоа мора да биде разрешена оваа комисија и да се формира тело од непартиски професионалци кои нема да се водат од политичките туку исклучиво здравствените интереси на граѓаните. Нам ни треба систем со доверба и професионалци во кој народот ќе биде сигурен“, додаде Мицкоски.
Во врска со обвинувањата на СДСМ дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев има вина за бројот на новозаразени, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и Комисијата.
„Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони, е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев. Би посветил внимание да внимаваат и би ги советувал во нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи пред се затоа што тоа е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи“, рече Мицкоски.
Додаде и дека Заев мислејќи оти со измама ќе добие албански гласови сакал да провоцира проблем со полицијата за време на Рамазам Бајран, а седењето 48 часа дома завршило со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа. Мицкоски вели дека имало политизација и на литијата во Струга, а како неразбирлива ја опиша и мерката за превоз за пензионерите. Да не се релативизираат работите затоа што тие се премногу сериозни, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

