Свет
Индија и Бразил со рекорден број на заразени од коронавирус
Индија и Бразил денеска регистрираa уште еден црн рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусо.
Ви Индија инфицирани се уште 7.964 лица, а починале уште 265 луѓе. Со тоа, вкупниот број на потврдени случаи на коронавирусот е зголемен на 173.763, а починале вкупно 4.971 лице.
Бразил ја помина Шпанија по бројот на смртни случаи од Ковид-19. Во изминатите 24 часа од коронавирусот починале 1.124 лица, што е четврти ден со повеќе од илјада смртни случаи од коронавирусот во Бразил.
Вкупниот број на починати сега изнесува 27.878,додека во Шпанија, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, од коронавирусот починале 27.121 лице.
Бразил информира за 26.928 нови случаи на коронавирусот, што е рекорден број на дневно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меркел: Војната во Украина ќе почнеше порано доколку Киев влезеше во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно ќе беше полоша“ доколку Киев го започнеше патот кон членство во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Мене ми беше сосема јасно дека претседателот Путин нема да стои со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нема да биде подготвена како во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Во интервју откако се повлече од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост поради обновените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.
„Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.
Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „ја започнал инвазијата на Украина“ само неколку месеци откако таа ја напуштила функцијата.
Би-би-си наведува дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станале зависни од Москва, а Германија изградила два гасоводи директно поврзани со Русија, пренесува Танјуг.
Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.
Таа додаде дека се обидела да ги спречи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што рече, „на крајот не успеале“.
„За жал, по целосната инвазија на Украина започна нова ера во односите на Европа со Русија“, нагласи германската канцеларка.
Свет
Песков за идејата за испраќање европска војска во Украина: „Се појавуваат некои вжештени глави“
Европските елити не се обединети во идејата да испратат војници или барем приватни платеници да го поддржат Киев, но некои жешки глави размислуваат за тоа. Вака Дмитриј Песков, прес-секретар на претседателот на Руската Федерација, го коментира пишувањето на „Ле Монд“ на брифингот со новинарите.
Францускиот весник објави, посочува ТАСС, за враќањето на европските елити на разговорите за можното испраќање војници во Украина во пресрет на наводното одбивање на идната американска администрација на чело со Доналд Трамп да се откаже од постојната поддршка за Киев.
„Јас и вие не знаеме колку се вистинити овие извештаи“, рече портпаролот на Кремљ.
„Претходно, се разбира, такви идеи беа искажувани од разни европски метрополи, но беа искажани и разни контрааргументи, кои не беа во прилог на оваа идеја. Нема единство на мислењето меѓу Европејците по ова прашање, но, се разбира, се појавуваат некои жешки глави“, додаде прес-секретарот на рускиот лидер.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека на состанокот во Париз, на кој учествуваат претставници на 20-ина западни земји, била отворена темата за можното испраќање копнени сили на западните земји во Украина.
Според него, учесниците не постигнале консензус за ова прашање, но ваквото сценарио не може да се исклучи во иднина.
Песков тогаш изјави дека појавата на странски воени контингенти во Украина ќе биде со крајно негативни последици, дури и непоправливи.
Свет
Затворена метро-станицата во Киев, пронајден сомнителен пакет
Метро-станицата „Вокзална“ е затворена за влез и излез поради откривање сомнителен пакет, објави градската управа на Киев на „Телеграм“.
Како што јави „Укринформ“, од безбедносни причини станицата е привремено затворена за влез и излез на патници.
Возовите сообраќаат без престан покрај станицата.
На самото место била распоредена специјална контрадиверзантска единица.