Македонија
Најмногу новозаразени скопјани денеска има во Чаир и Бутел

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу во Чаир и Бутел.
Имено, од Чаир заразени се 11 лица, а во Бутел 6.
По двајца заразени има во Карпош, Аеродром и Сарај, а едно лице е заразенo во Гази Баба.
Според информациите на Министерството за здравство, на територијата на државата денеска беа потврдени 62 позитивни случаи на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три се под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие, на територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, три се под контрола, а седумнаесет се изгаснати.
Активни пожари има на неколку локации. Во општините Василево, Радовиш и Берово, во селото Нивичино, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација на планините Голем Готен и Малешевските Планини. Во општина Прилеп, кај селото Бешиште, во местото викано Бешишки Рид, пожарот се шири кон селото Градешница (општина Новаци) и кон границата со Република Грција, каде не се интервенира поради детонации. Активен пожар има и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како и селата Галиште и Трстеник во општина Кавадарци, каде што гори мешана шума и ниска вегетација. Во општина Македонски Брод гори деградирана дабова шума меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Во селото Ќосевица, општина Македонска Каменица, активен е пожар во борова шума. Пожар е активен и во селото Ореше во општина Чашка, каде што гори букова шума и ниска вегетација, како и во селото Горно Црско во општина Кичево, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска шума.
Под контрола се три пожари: во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, каде што е зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева, како и во селото Јунузлија во општина Карбинци, каде што гори шума.
Изгаснати се вкупно 17 пожари на различни локации. Во општина Битола, на улицата Игњат Атанасовски, горела ниска вегетација. Во општина Василево, кај селото Босилово, бил зафатен пожар на депонија. Во селото Умин Дол во општина Куманово горела ниска вегетација, исто како и во населбата Бедиње. Во село Горно Лакочереј, општина Охрид, горело стрниште, а покрај автопатот Тетово – Скопје, во општина Тетово, исто така била зафатена ниска вегетација. Пожар имало и во селото Дебреше, општина Гостивар, во селото Годивје, општина Кривогаштани, каде што горела ниска вегетација и плевна, и во селото Долна Бела Црква, општина Ресен, на ѓубриште. Во општина Босилово, во селата Моносипитово и Банско, гореле депонии. Пожарот што започнал во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и Куманово, се проширил и кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово, каде биле загрозени куќи и помошни објекти. Во село Нерав, општина Крива Паланка, горела висока борова шума. Во општина Илинден, меѓу селата Мршевци и Бучинци, горело стрниште, а во Катланово и село Чифлик, општина Петровец, била зафатена ниска вегетација, грмушки и дабова шума. Во општина Шуто Оризари, на улицата Брсјачка Буна, горело ѓубриште. Во општина Желино, меѓу селата Церово и Групчин, горела нискостеблеста и деградирана шума, додека во селото Долно Перово, општина Ресен, биле зафатени елови дрва, врби, трска и сува трева.
Македонија
Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата.
„На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР.
Оттука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати во износ од 245.666 денари.
Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма која не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.