Македонија
Вулин ја критикува Шекеринска: Ако иконографите се неважни, што не се фотографирала под кукаст крст
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја критикуваше својата македонска колешка, министерката Радмила Шекеринска, за фотографијата со симболите на ОВК во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, како и нејзиното образложение, во кое таа порача дека во 2020-та иконографиите се неважни.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари
Во официјалното соопштение од српското Министерство за одбрана, Вулин за ваквото објаснување на Шекеринска вели дека е подеднакво лицемерно како кога би се сликала под знамето на Исламска држава и би зборувала за верска толеранција:
„Да се фотографираш под знамето на таканаречената ОВК и да речеш дека тоа е неважна иконографија е како да се сликате под знамето на Независна Држава Хрватска (НДХ) и да кажете дека е во прашање ретро моден правец“, изјави Вулин.
Вулин го критикуваше конкретно и одговорот на Шекеринска дека „иконографиите не се репер за добро управување“, туку „најважно е дали политичарите им служат на граѓани“:
„Ако протокот на времето е доволно оправдување за сѐ да се заборави и знамињата под кои се правени ѕверства да не се веќе важни, тогаш прашувам, зошто министерката Шекеринска не би се сликала под кукаст крст и би објаснила дека поминале 75 години од оружените судири и дека сега е време за добро управување“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

