Македонија
Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, а ја водеше новинарката, Душица Мрѓа.
Откако денеска Зекири објави оти неговиот тест е позитивен, со коментар на социјалните мрежи се огласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој вели дека се тестирал и ги очекува резултатите, меѓутоа се чувствува добро.
„Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти“, напиша Јанушев на социјалните мрежи.
Јанушев нагласи дека состојбата со заразата е алармантна, а денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност.
По објавата на Зекири официјално соопштение објави и ТВ24, од каде велат дека новинарката Мрѓа се чувствува, но сепак ќе биде во домашна самоизолација 14 дена, по препорака на епидемиолозите.
Од телевизијата укажуваат дека во текот на реализацијата на дебатата и при доаѓањето на гостите, испочитувани биле сите неопходни протоколи за физичка дистанца меѓу присутните, а соодветно студиото каде бил присутен Зекири е дезинфицирано.
„Во комуникација со епидемиолозите преземени се дополнителни мерки, за да се превенира било каков ризик“, нагласуваат од ТВ24.
Телевизијата најави дека ќе продолжи непречено со работа и во наредниот период, со почитување на препораките на здравствената комисија.
Јанушев и ТВ 24 на Зекири и неговото семејсто му посакаа поскоро заздравување.
Елена Тарчуговска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

