Македонија
Спроведени контроли кај над 2.000 угостители, во 24 објекти не се почитувале заштитните мерки
Од почнувањето со работа на угостителските објекти до сега од страна на Министерството за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се контроли на вкупно 2.184 објекти, информираат од МВР.
При проверките било утврдено дека 24 угостители не ги спроведуваат одлуките на Влада. Од вкупниот број контроли, 1.573 биле направени за време на викендот (од петок до недела), а 483 во текот на вчерашниот ден.
Понатамошното постапување по однос на констатираните прекршоци е во надлежност на Државниот пазарен инспекторат.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките на Владата кои се однесуваат на соодветна употреба на заштитна опрема, а угостителските објекти да ги преземат сите мерки за нивно соодветно спроведување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Закани со конструкции и политички прогон, велат од ДУИ по изјавата на Таравари дека поранешни функционери се повикани во Обвинителството
Министерот за здравство, Арбен Таравари денес објави дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства, најавувајќи дека наскоро јавноста ќе види за кој се’ станува збор.
„Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии“, рече Таравари.
ДУИ попладнево ги опиша како скандалозни изјавите, коментирајќи дека станува збор за закани со конструкции и политички прогон, како и притисоци врз истрагата и обвинителството кои никого не плашат, туку ја покажуваат скандалозната и неприфатлива тенденција на практикување на заробена држава од власта.
ДУИ бара меѓународно следена проверка на сите носители на политички функции.
Вакви изјави со прогонителски политички конструкции во минатото даваа и други членови на Владата без етнички легитимитет, со што ја презедоа улогата на сценарист, истражител, обвинител и судија, велат од ДУИ.
Македонија
Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина што произведува мизерија и единствено што ѝ остави на државата е долг на идните поколенија
„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.
Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.
„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.
Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.
„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде.
Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.
Македонија
Oтстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во текот на викендот
Во текот на изминатиот викенд екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје почна со отстранување обемна дивна депонија лоцирана на улицата Лука Геров во општината Ѓорче Петров. Депонијата е составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад.
Во општината Карпош се подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Прашка.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје викендов интервенира и во скопската општина Чаир, каде што се отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците Вуковарска и Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“.