Македонија
Повик граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување за влијанието на Ковид-19 врз менталното здравје

Клиниката за психијатрија активно е вклучена во борбата за справување со коронавирусот и отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка.
Оттаму најавуваат дека во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности за превенција и заштита на менталното здравје.
Во моментов оваа установа е координатор на меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемијата.
Истражувањето се спроведува во повеќе европски земји, а глевен координатор е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“.
Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата на Ковид-19 и воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население, со цел да се развијат соодветни здравствени интервенции.
Истражувањето до кое може да пристапите на следниов линк е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони, информираат од Клиниката за психијатрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).