Македонија
Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за здравство.
Најмногу од новозаразените се од Скопје – 59. Останатите се од Куманово – 12, Штип – 7, Прилеп – 1, Тетово – 5, Струга – 6, Велес – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 3, Кочани – 3, Пробиштип – 2.
Во изминато деноноќие регистрирани се и четири смртни случаи.
На Клиниката за инфективни болести починал 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализиран на 17 мај. Во болницата „8 Септември“, пак, починале пациент од Тетово (75) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58) примен на 30 мај.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 10 оздравени пациенти од кои 8 во Тетово и двајца во Велес.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 742.
Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на Ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје, а потврдени се и 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Согласно со новообјавените податоци, статистиката за бројот на заразени по градови е следна:
• Скопје 987, активни 396
• Куманово 481, активни 66
• Дебар 51, активни 0
• Штип 111, активни 76
• Прилеп 213, активни 30
• Тетово 236, активни 82
• Струга 90, активни 18
• Велес 133, активни 28
• Битола 28, активни 3
• Охрид 24, активни 7
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 32, активни 11
• Гевгелија 4, активни 0
• Струмица 4, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 1, активни 0
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стоиме на располагање, велат од Министерството за здравство по информаациите за апсењето на директорот на геријатрија

Министерството за здравство соопшти дека се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.
„Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.
Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), приведени се две лица под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а според неофицијалните информации во јавноста, едниот од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.
Македонија
Во акција на МВР и Обвинителството приведени две лица за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

Две лица се приведени под сомнение за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание.
Акцијата е во координација на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Од Обвинителството засега не изнесуваат повеќе детали, а некои од медиумите неофицијално објавија дека еден од приведените е Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.
Македонија
Пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација по пожарот во „Пулс“, соопшти Министерството за здравство

Во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица по пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство.
Во болниците во земјата во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.