Свет
По 26 години во бегство, осомничен за геноцидот во Руанда моли да му се суди во Франција
На 6 април 1994 година, авионот во кој се наоѓаше претседателот на Руанда, Јувенал Хабјаримана, од племето Хуту, беше соборен од ракета во близина на Кигали, главниот град на Руанда. Хуту-милициите на го искористија тоа како изговор да почнат геноцид против малцинството Тутси, при што загинаа околу 800.000 луѓе, пренесува „Спутник“.
Еден од најбараните осомничени за геноцидот во Руанда, Фелисиен Кабуга (84), ќе дознае денеска дали ќе биде вратен во Африка за да се соочи со судење. Адвокатите на Кабуга, кој беше уапсен во Париз минатиот месец, бараат од обвинителите да му се суди во Франција.
Американскиот Стејт департмент понуди награда од 5 милиони американски долари за лица што ќе обезбедат информации, што ќе доведат до апсење, трансфер или осуда на Кабуга, богат бизнисмен, кој го финансира геноцидот со увоз на 500.000 мачети.
KABUGA case: Decision on Prosecutor’s Request to Amend the Arrest Warrant and Order for Transfer has been filed. For more information:https://t.co/B85s7BwIev pic.twitter.com/tEbAv2dojd
— UNIRMCT (@unirmct) May 28, 2020
Кабуга беше уапсен во својот дом во близината на Париз на 16 мај по многу години криење и бегство. Судијата во Хаг минатиот месец рече дека на Кабуга треба да му се суди во Трибуналот за воени злосторства во Аруша, Танзанија, според Механизмот за меѓународни кривични трибунали (МИЦТ).
Но, адвокатот на Кабуга, Лоран Бајон, рече дека неговиот клиент треба да биде суден во Франција поради неговата возраст и здравје и ја доведе во прашање непристрасноста на судот во Аруша.
„Ако решите да ја наметнете својата надлежност над француската јурисдикција, со што ќе го ставите во опасност животот на Фелисиен Кабуга, ние ќе ризикуваме да се откажеме од вистината, засекогаш“, им напиша Бајон на обвинителите на МИЦТ.
Апелацискиот суд во Париз денеска ќе донесе одлука за валидноста на налогот за апсење за Кабуга.
По соборувањето на авионот на Хабјаримана во 1994 година, Кабуга наводно помогнал во формирањето на озлогласената милиција Интертахамве, која масакрира десетици илјади Тутси и наводно ја финансирал радиотелевизијата „Либре де Мил Колин“, која објавуваше пропаганда во кои Тутсите се нарекувале „инјензи“ (лебарки).
Речиси милион луѓе беа заклани во текот на 100 дена пред бунтовниците на РТФ, предводени од Тутсите на Пол Кагаме, да ја соборат владата. Кагаме остана претседател на Руанда.
Rwandan genocide criminal, Felicien Kabuga has denied playing any role in the genocide. He hid for 26 years.
A British firm's rep stated that it sold more machetes to him in 1 month than it did throughout 1993.
He funded the hate inciting radio station, RTLM & Kangura Magazine. pic.twitter.com/VgIcxAMJtM
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) May 27, 2020
По геноцидот, Кабуга избегал во Швајцарија, но беше протеран пред да се дознае неговата важност. Тој пристигна во Киншаса и на крајот се упати кон Кенија. Во 1997 година тој избега кога беа уапсени неколку други лидери на протераните Хуту.
Кабуга беше обвинет по седум обвиненија, вклучително и за геноцид, од страна на Меѓународниот кривичен трибунал на ОН за Руанда во 1997 година.
Во 2002 година Кабуга за малку ќе беше уапсен. Еден шпион организирал состанок со него во Најроби, но тој сфатил дека станува збор за стапица и избегал. Шпионот подоцна беше убиен. Во 2007 година германските власти биле блиску до негово апсење во Франкфурт.
Не се знае колку време Кабуга се криел во Франција, која е дом и на вдовицата на претседателот Хабјаримана, Агата, која исто така е обвинета за поттикнување геноцид. Франција отсекогаш одбивала да ја екстрадира г-ѓа Хабјаримана.
Минатата година д-р Фил Кларк, специјалист за Руанда од Школата за ориентални и африкански студии, изјави за „Спутник“ дека Руанда ја обвинува Франција оти ги поддржувала етничките Хуту-милиции и Интерхамве.
„Франција имаше многу блиски односи со владата на Хабјаримана, што доведе до геноцид. Тој се сметаше за миленик на Франција поради неговата поддршка за влијанието на Франција во централна Африка. Франција го сметаше Хабјаримана за клучен за одржување на франкофонското влијание и стопирање на агресијата на англофонијата на РПФ.
Тие го сметаа РПФ за заговор на Велика Британија и САД за проширување на влијанието на анголофоните во Африка. Обвинението од Руанда е дека Франција била директно вклучена во обуката на милициите Интерхамаве“, рече д-р Кларк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп му даде целосна поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија: „Тој е силен и моќен лидер“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, порачувајќи дека има негова целосна и апсолутна поддршка за нов мандат.
Трамп пред изборите што ќе се одржат во таа земја, рече дека Орбан е навистина силен и моќен лидер.
„Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и чест ми е што тоа го правам повторно. Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и апсолутна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија – тој никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Трамп додаде дека Орбан е навистина силен и моќен лидер, со докажан успех во постигнувањето феноменални резултати.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави“, истакна Трамп.
Според него, Орбан вредно работи на заштитата на Унгарија, развојот на економијата, создавањето работни места, промоцијата на трговијата, запирањето на нелегалната имиграција и обезбедувањето закон и ред.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан. Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него, за двете наши земји дополнително да го унапредат овој огромен пат кон успех и соработка“, заклучи Трамп.
Регион
Четиричлено семејство од Албанија почина во Тоскана од труење со јаглероден моноксид
Четиричлено семејство – родителите и нивните две деца, настрадало во својот дом во италијанската покраина Тоскана, поради труење со јаглероден моноксид, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, жртвите се таткото Арти, мајката Јонида (43), синот Хајдар (22) и ќерката Џесика (15). Петтото лице од домаќинството е префрлено во болницата Чизанело во Пиза во тешка состојба, но според достапните податоци не е животно загрозено, пренесе Раи Уно.
На местото на настанот интервенирале припадници на противпожарната служба, карабинерите и екипи на итната медицинска помош, пренесе Итaлпрес.
При прегледот на објектот, тројца карабинери исто така добиле полесни симптоми на труење и им била укажана медицинска помош.
Прелиминарната истрага е насочена кон проверка на исправноста на котелот за централно греење, со цел да се утврди причината за трагедијата. Италијанските медиуми наведуваат дека семејството е со потекло од Албанија.
Свет
Лавров до Макрон: Ако сакате сериозен разговор, јавете се, Путин ќе одговори
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги коментираше француските обиди за обновување на дијалогот меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
„Францускиот претседател Емануел Макрон пред околу две недели повторно рече дека ќе го повика Путин“, нагласи Лавров во интервју за државната телевизија „РТ“.
„Знаете, тоа не е сериозно. Тоа е патетична дипломатија. Ако сакате да се јавите и да водите сериозен разговор, тогаш јавете се. Путин секогаш ќе се јави на телефон. Секогаш ќе ги сослуша сите предлози, особено сериозните“, наведе Лавров.
Двајца европски дипломати, кои зборуваа под услов на анонимност, потврдија за Политико дека советникот на Макрон, Емануел Бон, во вторникот ја посетил Москва со цел да го подготви теренот за обновување на директната комуникација меѓу Путин и Макрон.
Според наводите на еден од дипломатите, Бон се сретнал со Јуриј Ушаков, близок соработник на Путин и член на руската делегација во тековните мировни преговори со Украина.
Француските претставници не сакаа ниту да го потврдат, ниту да го демантираат посетата на Бон во Москва. Истото го направи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој на редовната прес-конференција изјави дека тоа го прави „од солидарност со француската страна“.
Макрон во вторникот изјави дека се во тек „технички разговори“ со цел повторно воспоставување дијалог со Кремљ, додека неговиот кабинет вчера соопшти дека тие разговори се водат транспарентно „и во консултација со претседателот Зеленски и главните европски партнери“.
Макрон во повеќе наврати истакна дека европските држави треба да водат сопствени директни разговори со Москва.

