Забава
Ким Кардашјан сака да ѝ го плати лекувањето на девојката што беше повредена за време на протестите

Американската реална sвезда Ким Кардашјан (39) понуди да ѝ помогне на жената што полицијата сериозно ја повреди на протестите овој викенд.
39-годишната реална sвезда се шокирала кога видела фотографија на девојка што била застрелана во главата со гумен куршум додека стоела на улицата и снимала протест во Луизијана по повод смртта на Џорџ Флојд.
На сликата е прикажана една млада жена на која ѝ недостига дел од челото и чие лево око е повредено и толку отечено што е целосно затворено.
Старлетата беше многу шокирана од тоа што го виде, па се понуди да ѝ помогне.
„Ова е многу вознемирувачки. Дали некој знае како можам да стапам во контакт со неа? Би сакала да ѝ помогнам во лекувањето ако ѝ биде потребно“, напиша Ким на „Твитер“.
This is heartbreaking and so disturbing. Does anyone know how I can get in contact with her? I would love to help her with her medical care if she needs it. pic.twitter.com/37zA65QXau
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) June 1, 2020
Десетици луѓе веднаш „тагираа“ жена по име Шанин Шарајз за Ким да може да стапи во контакт со неа и да ѝ помогне.
Шанин објави видео на својот инстаграм-профил затоа што беше обвинета дека се преправала оти е повредена на протестите и дека тоа е шминка на нејзиното лице, а не повреда.
„Протестирав вечерва. Снимав сè со камера кога ме погоди гумен куршум. Ова е резултатот“, напиша Шанин на својот профил на „Твитер“.
Ким Кардашјан тогаш напиша како се чувствува во врска со убиството на Џорџ Флојд.
„Исцрпена сум поради скршеното срце што го имам кога гледам мајки, татковци, сестри и браќа, кои страдаат затоа што нивните најблиски се убиени или неправедно затворени само затоа што се Афроамериканци. Јас сум лута, многу сум лута. Јас сум лута и ужасена“, напиша Ким.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Никол Шерцингер во бикини и штикли со коктел во раката балансира на карпа: „Оваа жена е неверојатна“

Познатата пејачка Никол Шерцингер никогаш нема да престане да нè изненадува со својот изглед. Дури и сега кога сакаше да биде во центарот на вниманието за еден предизвик, невозможно е да се замижи и да се игнорира сè друго што го покажа.
Убавата Никол го обожава летото, убавото време и прекрасните бикини, па затоа ова позирање во бел модел дојде во вистинско време по кратката пауза што ја направи на социјалните мрежи.
Во последните денови, бројни ѕвезди се фалеа дека се обиделе да го спроведат предизвикот – стоење на една нога, додека нозете се вкрстени. Местата каде што го направиле тоа беа различни, но Никол избра карпа среде море.
Вртоглаво високи потпетици, бело бикини и чаша коктел во рака беа нејзиниот избор за ова најново „модно издание“ и да, таа користеше и карпа во целата сценографија.
Никол уште еднаш го покажа своето тренирано тело, издржливост и рамнотежа, но и колку е посветена на тренингот, па го преживеа овој предизвик без никакви проблеми, барем така изгледа во видеото.
„Победничка“, „Таа победи, исклучете сè“, „Оваа жена е неверојатна“, „Апсолутна победничка на сè“, „Каква жена, ова не е реално“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
Ослабе 14 килограми и призна дека било пеколно: „Сонував храна“

Актерот Орландо Блум, кој неодамна ја раскина свршувачката со пејачката Кеjти Пери, мораше драстично да ослабе за својата нова улога во филмот „The Cut“, а јавно проговори за процесот.
Ѕвездата од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“ ослабе точно 14 килограми и признава дека самиот е изненаден од она низ што поминал.
Во филмот, тој игра поранешен боксер кој се обидува да се врати во рингот, па затоа е јасно зошто морал да го прилагоди својот изглед на новата улога.
„Она што не го очекував беше психолошкиот данок што го зема оваа дисциплина. Се чувствував параноично и вознемирено, што дополнително беше влошено од недостатокот на сон, а не можете да спиете кога сте гладни“, призна Блум.
Тој не бил сам во овој процес, туку бил под надзор на нутриционист три месеци. Редовно му правеле проверка на крвната слика за да се осигура дека e добро и дека неговото здравје не е во опасност.
Неговата исхрана била строго контролирана, а кон крајот на снимањето морал да го ограничи внесувањето вода за да постигне најниска можна тежина за последните сцени, пишува Индекс.хр.
„Почнав опсесивно да размислувам за храна и да сонувам што ќе јадам кога ќе ја завршам диетата со туна и краставица“, отворено рече актерот.
По завршувањето на снимањето, тој постепено се врати на својот стар начин на живот, полека враќајќи ги вообичаените навики во исхраната и чувството за рамнотежа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ во црвено бикини: Време за себе – летен воздух, тивко место и добра книга

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, по разводот од Бастијан Швајнштајгер, активно споделува фотографии на социјалните мрежи од нејзиниот приватен живот.
Овој пат таа објави неколку фотографии на кои носи црвено бикини и покажа како ги поминува летните денови.