Македонија
И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата
Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со регулиран престој во државата, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR-тест не постар од 72 часа, кој е негативен.
Потоа на граничниот премин потпишуват изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена. Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на решението.
Оние, пак, наши граѓани или странци со регулиран престој во земјата, кои при влез нема да приложат валиден PCR-тест или ќе приложат невалиден PCRтест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР, ќе бидат спроведени во државен карантин.
Во текот на денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврата, и тоа во 10 и во 20 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.
Исто така, доколку граѓаните сакат да им се направи тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкус рок да им се направи тест. Оние граѓани на кои направениот PCR-тест им е негативен потпишуват изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, при што се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.
Доколку граѓаните не сакаат да им се направи PCR-тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок, од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

