Македонија
Османи до Хоти: Ова се добри вести што навестуваат политичка стабилност за Косово и регионот

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска телефонски разговораше со новоизбраниот премиер на Република Косово, Авдула Хоти, при што упати честитки за изборот на новата влада, соопштија од Кабинетот на Османи.
„Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата на Ковид-19 ова се добри вести, кои навестуваат политичка стабилност не само за Косово туку и за целиот регион. Дозволете, во името на Владата на Република Северна Македонија да ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел – европската интеграција на двете земји и воопшто на целиот регион“, рекол Османи, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажен апел за болно дете кружи на „Фејсбук“

Во врска со ова реагираа и од платформата за собирање донации „Икрауд“. Од таму велат дека објавата најверојатно е направена со користење на вештачка интелигенција.
„Низ онлајн просторот кружи вирална објава за донации со име Не можам да ја издржам болката додека гледам како полека исчезнува 💔 и фејсбук страна Животот на Даниел значи сè со која онлајн се собираат средства за експериментален третман на извесно детенце Даниел.
Објавата е ставена на домен https://be.dawnofchild.org/ и е наводно организирана од фондација DAWN OF A CHILD INC. од САД.
Сакаме да го свртиме вашето внимание дека такво правно лице не постои (види доказ во слика). Досега се собрани значителни средства и има речиси 1000 донатори од кои многумина во Македонија и Бугарија. Доменот е регистриран во Исланд, каде што многу често измамниците регистрираат домени со цел да го скријат својот идентититет. Станува збор за измама, не наседнувајте на истата.
Линк до објавата очигледно креирана со вештачка интелигенција – https://be.dawnofchild.org/danielm
Проширете ја веста за да не се лажат граѓаните и охрабрете ги тие кои наседнале да пријават во МВР за полицијата да влезе во трага. За оние кои наседнале, имате траг во своите банкарски изводи и истите доставете ги во МВР кој има право лесно да добие податоци за измамниците. Исто, доколку сте се претплатиле, веднаш барајте од матичната банка да ви ја укине претплатата за да не ви се одземаат средства секој месец“, се вели во објавата.
Македонија
Привремен режим на сообраќај во Центар поради снимање на филм

Привремен режим на сообраќајот ќе биде воведен вечерва кај Градската болница поради снимање на филмот „Збогум, Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.
„За потребите на снимањето на филмот ‘Збогум, Копакабано4, во режија на Милчо Манчевски, во продукција на ‘Банана филм’ и во соработка со МВР и ЈП ‘Улици и патишта’, известуваме за шривремен режим на сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвениот крст до раскрсницата кај Градската болница“, велат од ПР-тимот.
Привремениот режим е предвиден за 31.7.2025 (четврток) во времетраење од 22 до 4 часот во раните утрински часови.
Македонија
Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.
До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати.
АКТИВНИ: 3
1. Општина Василево, Радовиш и Берово
• с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини
• Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација
2. Општина Прилеп
• с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола)
• Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција
• Не се интервенира поради детонации (мешана шума)
3. Општина Кавадарци
• помеѓу селата Галиште и Ќесендре
• Мешана шума и нискостеблеста вегетација
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Карбинци
• с. Јунузлија (шума)