Свет
(Видео) Полицијата во Сан Франциско уби момче, мислеле дека има пиштол
Полицијата во Сан Франциско уби момче осомничено дека ограбило аптека, мислејќи дека има пиштол со себе. Тоа се покажа како неточно, соопшти полицијата.
Полицијата мислела дека чеканот, кој осомничениот го носел во појасот, е огнено оружје, јавува АП.
Полицајците рекле дека осомничениот Шон Монтероса (22) почнал да трча кон автомобилот, а потоа одеднаш запрел, паднал на колена и ги кренал рацете над половината, откривајќи го она што изгледало како заден дел од огнено оружје во неговиот појас.
Еден службеник пукал пет пати низ прозорецот на автомобилот, при што еднаш го погодил осомничениот.
“Don’t shoot!” say hundreds of protesters in front of Hall of Justice in #SanFrancisco #GeorgeFloydprotest Most seem determined to stay here all night. pic.twitter.com/0h4UIWmkuX
— Julian Mark (@badjujusf) June 4, 2020
Монтероса (22) од Сан Франциско е првиот потврден смртен случај за кој е одговорна полицијата за време на немирите и протестите во Калифорнија, што се одвиваат откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен при апсење.
California | Vallejo police shoot, kill 22-year-old San Francisco man after mistaking hammer for gun// Police everywhere out of control. Kill first, question later! Battlefield mentality. Unfit for the streets. https://t.co/BJzciozwrH
— DamnYankee (@thedamnyankee2) June 4, 2020
Шефот на локалната полиција рече дека полицајците реагирале на повикот за грабеж, кога се случило пукањето.
Адвокатот на семејството Монтероса, Џон Бурис, изјави дека е ужаснат што полицијата пукала кон лицето кое било на колена, со кренати раце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.