Свет
(Видео) Меган Маркл зборуваше за расизмот, жали што децата растат во таков свет

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, изјави дека и е жал што децата мора да растат во свет каде што сè уште постои расизам и истакна дека случувањата во САД се разорни.
Таа го рече тоа во видеото снимено од учениците од завршните одделенија од нејзиното средно училиште во Лос Анџелес, по повод масовните протести во САД, охрабрени од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува „Ројтерс“.
„Знам дека знаете дека животите на црнците се важни. Првото нешто што сакам да ви го кажам е дека многу ми е жал што треба да пораснете во свет каде што тоа сè уште се случува“, рече Меган, чија мајка е Афроамериканка.
Таа додаде дека сакала да ја каже вистинската работа и дека била нервозна затоа што се плаши нејзините зборови да не бидат погрешно разбрани.
„Единствената погрешна работа е да не се каже ништо“, рече Меган Маркл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.
Свет
Израел испрати предупредување за евакуација

Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел, третиот ден од невидена воена ескалација меѓу двете непријателски земји.
Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста. Абас Арагчи рече дека одговорот на Иран на израелските напади бил чин на самоодбрана.
Тој додаде дека израелските напади, кои беа извршени први, не би биле можни без одобрение од САД. Вашингтон, рече тој, треба да ги осуди израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран, додавајќи дека разговорите со САД можеле да доведат до договор.
Но, Израел, тврди тој, сакал да ги саботира тие преговори, кои САД ги сметале за клучни за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Тој, исто така, изјави дека Иран не сака да ја прошири војната, освен ако не е принуден да го стори тоа.
Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација до сите ирански граѓани во близина на воени објекти. Авичај Адрае објави „итно предупредување до сите ирански граѓани“ на социјалните мрежи.
„Сите лица што моментално или наскоро ќе се наоѓаат во или околу објектите за производство на воено оружје и сродните институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде понатамошно известување“, напиша тој.