Македонија
Демант до ВМРО-ДПМНЕ: „Не е точно дека министерот Филипче прикривал 20 случаи на заболени“
Министерството за здравство најостро ги демантира информациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство, Венко Филипче.
Mинистерството за здравство во демантот го истакнува следново:
„ 1. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 2.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип.
Во прилог испраќаме линк за точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје: https://www.iph.mk/sostojba-so-covid19-za-162020/.
Исто така, не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи.
Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на0 2.06 е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-76-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2391-ozdraveni-se-26-pacienti-pochina-1-lice-2/
Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени.
2) Имено, на 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата се уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. Подолу транскрипт од неговата изјава на прес конференцијата на споменатиот датум:
„Во однос на дневната статистика, се до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации.“
По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.
3) Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес. Во прилог линк до соопштението: http://zdravstvo.gov.mk/deneska-se-potvrdeni-120-novi-sluchai-na-kovid-19-vkupnata-brojka-na-dijagnosticirani-2611-ozdraveni-se-16-pacienti-pochinati-se-2-lica/
Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детал.
Министерството за здравство апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневно политички поени.
Стоиме на располагање и отворени сме за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на јавноста“, наведуваат од Министерството во демантот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

