Свет
(Видео) Демонстрантите во Бристол турнаа историска статуа и ја фрлија во пристаништето
Демонстрантите поддржувачи на движењето „Блек лајвс медр“ во Бристол ја срушија статуата на филантропот и пратеник Едвард Колстон и ја фрлија во пристаништето поради неговите врски со трговијата со робови, пренесува „Вашингтон пост“.
Едвард Колстон, кој живеел од 1636 до 1721 година, го користел своето богатство за финансирање прифатилишта за сиромашните, болници, училишта и другите хуманитарни институции во Бристол, Лондон и насекдаде во Британија.
Колстон заработил голем дел од своето богатство со трговија на овошје, ткаенини и вино. За жал, тој живеел во време кога ропството се сметало за легитимен бизнис не само во Европа туку и во Африка, а дел од своето богатство го заработи со трговијата на робови – особено додека бил член на одборот на Кралската африканска компанија од 1680 до 1692 година.
Затоа, Колстон стана омразен лик за левицата во последните години, а активистите во Бристол статуата и спомен-плочата на овој, како што вели историјата, мудар и виртуозен син на градот, ќе бидат отстранети од сите места и тој да се памети само како злобен човек.
Оваа долга кампања во неделата кулминира со уривање на неговата статуа од 19 век од страна на толпата, која наводно протестира поради смртта на Џорџ Флојд од другата страна на Атлантикот и покрај строгите мерки за борба против пандемијата на коронавирусот, со кои се забрануваат масовните собири.
Потоа толпата ритуално ја тепаа паднатата статуа, ја вандализираа со боја, ја одвлечкаа до пристаништето и симболично го удавија – додека полицијата гледаше без да интервенира.
Властите првично изгледаше како да се предадоа тотално на нелегалниот протест и на вандализмот, а надзорникот Енди Бенет го опиша Колстон како историска личност, која ѝ предизвикала на црнечката заедница многу маки, велејќи дека разбира зошто се случил вандализмот, за кој рече дека е многу симболичен.
„Донесовме тактичка одлука дека ако ги спречиме да го сторат делото, може да предизвикаме понатамошно нарушување и решивме дека е најбезбедно, во смисла на полициска тактика, да дозволиме тоа да се случи“, објасни тој.
Bristol Police not intervening in statue being pulled down ‘tactical decision’ as it risked ‘further disorder’.
So if you threaten a big enough disorder you can do what you want now?
— Michael Heaver (@Michael_Heaver) June 7, 2020
Официјалната изјава на градоначалникот на Бристол, Марвин Рис, беше еднакво лежерна, при што лабуристичкиот политичар рече:
„Ги повикувам сите да ги предизвикаат расизмот и нееднаквоста во секој агол на нашиот град и каде и да ги гледаме“.
Сепак, сега се чини дека ќе има истрага за уништувањето на статуата, можеби поради притисокот на владините министри, како Прити Пател и Кит Малтхаус, кои се незадоволни од вандализмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

