Контакт

Македонија

(Видео) Филипче, Караџовски и Зибери: Новите случаи се врзани со собир и прослава на 24 и 25 мај

Објавено пред

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски, и директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Арбен Зибери, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за состојбата со коронавирусот Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите денови, практично цела измината недела, се направи таргетирано тестирање – скрининг на контакти на заболени. Екипите на Центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во кризните региони и бројката која ја гледаме овие неколку дена е резултат на тоа. Ова беше сосема очекувано и ние тоа го најавивме. Таквото тестирање беше рана дијагностика и навремена изолација на контактите на лицата кои се носители на вирусот во рамки на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири, па со ваквата стратегиja практично ги изолиравме сите контакти на заболените, кои се без симптоми. Полицискиот час за викендов дозволи многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти, што  беше многу отежнато во последните денови. Позитивно е што покрај првичниот отпор кај дел од контактите, сега веќе имаме подобра соработка и успеваме полесно да пристапиме и тестираме. Апелирам уште еднаш граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци. Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика или се асимптоматски и од вкупниот број, само осум пациенти се на механичка вентилација“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека околу 65 проценти од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90 проценти припаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите три кризни региони, каде најголем процент од заболените се од рамките на истите кластери.

Според Филипче, кластерската анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир, прослава во период на 24 и 25 мај, односно точно пред две недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

Тој изјави дека во периодот што следи, Комисијата ќе предложи до Владата, а во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето.

„Успеавме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно да ја ставиме епидемијата под контрола“, оцени министерот за здравство Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, прим д-р Жарко Караџовски, истакна дека просечната возраст на заболените луѓе во државата изнесува 44,8 години, меѓутоа највисока инциденца во моментот има на возрасна група од 50 – 59 години.

„Во однос на стандардната епидемиолошка крива, на 25 мај бројката покажуваше 16 случаи. Тогаш предложивме олабавување на мерките. Она што се случи по 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети што досега сме ги направиле, се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки, кои ги дадовме како препорака од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, а тоа се: носење заштитна маска, спречување на групирање на повеќе од 2 лица, што ни се удри како бумеранг поради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазан бајрам и ифтарските вечери, кои се случуваа во тој период. Вториот бран ни се појави сега, и доколку можам епидемиолошки да се изразам, вториот бран од 26 наваму може да се направи транслација кога би го помрднале во лево, дека тој ќе се поклопи или речиси ќе се поклопи со бројот на заболени во април месец. Значи дојдовме до една состојба кога цела Европа и нашите околни држави ги попуштаа мерките, го направивме тоа и ние, очекувајќи дека мерките ќе се почитуваат. Меѓутоа,  крајно сум разочаран од непочитување на овие мерки“, потенцираше прим. д-р Караџовски.

За бројот на тестирани и процент на позитивни, тој изјави дека ништо не е променето во стратегијата.

„Ние последните седум дена направивме големи напори, лабораториите ги ‘растегнавме’ до крајни граници да може да изработуваме повеќе од илјада или околу илјада тестови дневно. Меѓутоа, добивме и неколку лаборатории на помош: Центарот за јавно здравје – Скопје, МАНУ, Судска медицина, како и останатите кои изминатиот период ни дадоа драгоцена помош за да спроведеме едно поголемо тестирање. Тестирањето покажа дека што повеќе тестираме, имаме и поголем број позитивни, меѓутоа процентот на овие позитивни се движи меѓу 3,1 / 7,9 / 14,2 / 13 и 15 проценти“, истакна прим. д-р Караџовски, кој додаде дека Комисијата за заразни болести усвојува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство за усвојување на седница на Владата.

„Ние не сме Влада на државата, ние не сме луѓе кои се директно инволвирани во донесување одлука. Главниот кризен штаб на оваа држава ги донесува одлуките. Ве молам да ги почитуваме мерките, само со доследно почитување на овие мерки можеме да ‘испливаме од оваа вода’. Ве молиме, да не дозволуваме самите себе да си пресудуваме во моменти кога цела Европа и цел свет ги намалуваат сите мерки, а ние да воведуваме нови рестрикции. Верувам дека 20 проценти од населението сè уште не нè сфаќа сериозно, ниту нас, ниту болеста. Само тие што не биле на Инфективна клиника не знаат која е таа мачна атмосфера. Не е сеедно да гледате како умираат луѓе. Воопшто не е сеедно да донесувате мерки кои се рестриктивни како за мене, така за мојата фамилија. Меѓутоа, и на нашите најблиски. Дајте да сфатиме дека мерката за носење заштитна опрема, дистанца од два метра е основата во цел свет. Никаде ништо се нема променето во овие мерки. Дајте да се здружиме сите заеднички. А партии и политика, и кои било други работи да ги тргнеме на страна. Оставете ги пишувањата против Комисијата, ние сме најголемите професионалци во државата“, истакна д-р Караџовски.

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери, информираше дека бројката на активни случаи е 658 пациенти, додека на оздравени е 569 пациенти.

„Во моментов во Скопје, имаме активни случаи во Чаир – 169, Бутел – 63, Гази Баба – 61, Аеродром – 57, Сарај – 56, Карпош – 45, Кисела Вода – 35, Арачиново – 23, Студеничани – 19, Илинден – 18, Ѓорче Петров – 20, Шуто Оризари – 17, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2 и Општина Зелениково досега нема ниту еден регистриран случај. 60 проценти, односно 390 од вкупниот број на активни позитивни случаи се поврзани со веќе познати позитивни случаи. Тие се асимптоматски, што е многу важно, и затоа треба сите да бидеме претпазливи, затоа што во последниве денови имаме многу случаи коишто се асимптоматски и коишто може полесно да ја шират болеста. Триесет и пет проценти, односно 210 од вкупната бројка на активни позитивни случаи во Скопје не се поврзани со веќе познати позитивни случаи, но кога зборуваме со нашите епидемиолози и ги анализираме случаите увидуваме дека оваа бројка е уште помала. Од вкупниот број на активни позитивни случаи во Скопје, 41 се кластери. Деведесет проценти од вкупниот број на активни случаи припаѓа на кластерите. Ова е доказ дека нашите епидемиолози на територијата на Град Скопје ја имаат состојбата под контрола. Точно знаеме од каде се овие новодијагностицирани пациенти последниве денови“, рече д-р Зибери.

Тој информираше дека екипите на Центарот за јавно здравје – Скопје, од почеток на оваа пандемија на Ковид-19 во нашата земја имаат земено повеќе од 8.000 бриса за тестирања во домашни услови на заболени и контакти, во пунктовите на поликлиниките и познатите пунктови во Скопје, како што се поликлиниките „Ченто“, „Јане Сандански“, „Идадија“ и во „Чаир“.

Тој упати апел да се почитуваат мерките, да се држи физичка дистанца, да се носи заштитна маска и луѓето да не се групираат, затоа што со секое непочитување на мерките може само да се одолговлечи оваа пандемија.

Македонија

Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Објавено пред

Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени,  јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Свет12 часа

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет14 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија18 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија18 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ20 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија22 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет1 ден

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 ден

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија2 дена

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ2 дена

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...