Свет
Генералното собрание на ООН првпат без светски лидери

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Тиџани Мухамед-Бандe, изјави дека лидерите на државите членки нема да дојдат во Њујорк на крајот на септември на годишниот собир првпат во историјата на оваа организација поради пандемијата на коронавирусот.
Тој посочи дека се надева оти во наредните две недели ќе го објави начинот на кој претседателите на 193 земји ќе одржат говор за горливите локални и глобални теми за време на општата дебата.
Мухамед-Бандe на прес-конференцијата изјави дека светските лидери нема да дојдат во Њујорк за годинашната седница на Генералното собрание на ООН. Нивното пристигнување е секогаш придружено со големи делегации, што претставува ризик во сегашните услови на пандемијата на коронавирусот.
Оваа ситуација е преседан во историјата на одржување седници на Генералното собрание на ООН – првпат по 74 години, седницата нема да се одржи на вообичаен начин.
Минатиот месец генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, препорача драстично да се намали бројот на лица на седницата.
Гутереш предложи светските лидери да ги снимаат своите пораки и да бидат присутни во живо само оние дипломати од земјите членки на ООН што живеат во Њујорк.
Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, Тиџани Мухамед-Банд, изјави дека е можно до крајот на септември да биде дозволено стотина луѓе да присуствуваат на седницата.
Седницата на Генералното собрание на ООН обично собира илјадници луѓе, владини претставници, дипломати и претставници на граѓанското општество, а годинава тој број требаше да биде уште поголем поради прославата на 75-годишнината од ООН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.