Македонија
(Видео) Василевска: СДСМ преку НВО со државни пари ќе плаќа владини реклами

„СДСМ преку невладините организации, кои ги полни со пари пред избори, сака да плаќа владини реклами, да дели поткуп на фирми и граѓани и сето тоа со државни пари преку таканаречениот невладин сектор. СДСМ со овој проект, како прв приоритет на Владата, нотира дека е информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции за спречување на ширењето на коронавирусот, што всушност подразбира: активности за информирање на јавноста за следење на препораките на Министерството за здравство, особено важноста на придржувањето кон мерката за самоизолација и задолжително носење заштитна опрема на лицето“, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, ова значи дека власта директно преку НВО сака да плаќа владини реклами. Ова е класична злоупотреба.
„За што станува збор? Се работи за вкупно 30.000.000 денари и како единствен услов за аплицирање е НВО-субјектот да е регистриран како невладина организација и да приложи само тековна состојба од Централниот регистар. Тоа е единствената потребна документација, што доволно кажува за сомнителниот карактер на огласот и нечесните намери на власта.
Кога се истрошија пакетите на семејството Заеви, сега СДСМ ќе купува гласови директно со пари од буџетот преку финансирање на нивните невладини за делење хуманитарни пакети како дел од кампањата на Социјалдемократскиот сојуз. Имено, НВО ќе може да врши и набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи на локално ниво. Ова претставува класичен масовен поткуп во пресрет на претстојните парламентарни избори. Поткупот е насочен и кон стопанството. Владата со оваа програма признава дека мерките за помош на стопанството се намерно димензионирани како непрактични за отпосле преку невладини организации да даваат помош кому сакаат, а не секому, како што тоа треба да биде доколку таа се дели преку институциите на системот.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ во оваа пригода ви укажуваме само на неколку, но самиот оглас изобилува со крајно нечесни, бесмилени, коруптивни и манипулативни видови проекти за кои ќе бидат потрошени приближно половина милион евра буџетски пари. Зарем ова не е потценување на интелигенцијата и деградирање на сопствениот народ?! Очигледно е дека се работи за уште еден коруптивно менаџиран трансфер на пари и уште еден обид на СДСМ со буџетски пари да спроведува масовен поткуп. И во најтешките моменти за државата Социјалдемократскиот сојуз не се воздржува да троши огромни суми народни пари за своите коруптивни и манипулативни кампањи. Време е да се стави крај на ова самоволие и јавните фондови, наместо за корупциски транши предвидени пред секои избори, треба да се отворат за сите невладини организации, со цел враќање на независноста и достоинството на граѓанските активисти. Од тие причини бараме итно поништување на огласот. Ова е класичен поткуп. ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).