Свет
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје
„Израел нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху додавајќи дека меѓународната заедница мора да им се приклучи на САД и повторно да воведе строги санкции за Техеран, пренесува „Брејтбарт“.
Неговите забелешки доаѓаат во пресрет на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), во кој се вели дека Иран одбивал да им дозволи на инспекторите пристап до непријавени воени локации на кои Исламската Република врши тајна воена нуклеарна активност.
„Иран систематски ги прекрши своите заложби криејќи ги местата и збогатувајќи материјал за физија и изврши други прекршувања“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот.
„Верувам дека времето дојде и помина, но реалноста секако бара, во пресрет на овие откритија, меѓународната заедница да им се приклучи на САД и повторно да наметне парализирачки санкции за Иран“, додаде тој.
Нетанјаху додаде дека ни малку не ја намалиле решеноста да дејствуваат против агресијата на Иран.
„Повторувам: Израел нема да дозволи Иран да дојде до нуклеарно оружје и ќе продолжи да дејствува методично против обидите на Иран за воено вметнување на нашите граници“, изјави израелскиот премиер.
Во извештајот испратен до земјите членки ИАЕА во петокот рече дека сериозно е загрижена бидејќи повеќе од четири месеци Иран ѝ негирал пристап на Агенцијата до две локации, најверојатно, користени за складирање или обработка на нуклеарен материјал. Едно од местата можно е да било користено во минатото за обработка на ураниумска руда, вклучително и флуоризација, соопшти агенцијата на ОН.
ИАЕА дополнително предупреди дека Иран складирал речиси осумпати повеќе збогатен ураниум од дозволеното со нуклеарниот договор од 2015 година. Според договорените граници, на Иран му било дозволено да складира 300 килограми збогатен ураниум, но заклучно со 20 мај имал 1.571,6 килограм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

