Свет
(Видео) Седуммина застрелани за 10 минути во три одделни престрелки во Бруклин
Седум лица се повредени во три престрелки во период од 10 минути во понеделникот вечерта во разни делови во Бруклин, соопшти полицијата за „Њујорк пост“.
Пукањето почнало околу 22.40 часот на улицата Бајнбриџ во близина на булеварот Малколм окс во Бедфорд-Стујвесант, соопшти полицијата.
Двајца мажи, на возраст од 27 и 34 години, се застрелани во нозете. Тие биле однесени во болницата во округот Кингс и се очекува да преживеат. Помалку од пет минути подоцна, еден 35-годишен маж е застрелан на авенијата Флетбуш. И тој бил однесен во болницата во округот Кингс.
На крајот, околу 22.50 часот, четири лица – жена и тројца мажи – биле фатени во престрелка на улицата Бристол, соопштија властите и сведоците. Жената (23) е во критична состојба, а мажите – на возраст од 17, 35 и 50 години – добиле повреди, кои не се опасни за живот.
Роберт Грин (55), кој бил сведок на пукањето во Браунсвил, изјави дека толку многу истрели биле истрелани што тој престанал да брои. Грин рече дека видел оти брзата помош одвела три лица – една жена и двајца мажи – и дека жената е најсериозно повредена.
„Можев да видам дека дише, но не се движеше“, рече тој.
Последните пукања во понеделникот се случија кога градот минатата недела го зголеми бројот на убиства и престрелки во споредба со истиот период минатата година. Од минатиот понеделник до неделата вечерта во градот имало 13 убиства во споредба со пет убиства во текот на истата недела минатата година, соопштија извори од полицијата.
Градот регистрирал 40 престрелки минатата недела – најмногу во една недела од 2015 година. Во истиот временски период во 2019 година имало 24 престрелки, велат изворите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на клучни лекови
Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулини, инсулински аналози и група антибиотици до 23 јануари наредната година, според налог на министерот за здравство Силвио Кирилов. Министерството соопшти дека забраната повторно се продолжува поради проблеми со снабдувањето, пријавени недостатоци и одбивања од веледрогерии.
Како причини се наведуваат неправилности и доцнења во испораките, како и намалени количини нарачани лекови. Забраната ги опфаќа инсулините и нивните аналози, SGLT2-инхибиторите и лековите на база семаглутид, како и антибиотиците на база азитромицин. Забранет е и извозот на месалазин.
Забраната за извоз на инсулини првпат беше воведена во ноември 2023, а потоа повеќепати продолжувана.
Свет
Пакистан: Тројца бомбаши-самоубијци го нападнаа седиштето на паравоените сили
Тројца бомбаши-самоубијци денес го нападнаа седиштето на паравоените сили во Пешавар, при што загинаа три припадници, а најмалку петмина беа ранети, пренесе „Ројтерс“. Напаѓачите прво отвориле оган на влезот, а потоа се разнеле во кругот на комплексот на граничната полиција.
Полицијата соопшти дека напаѓачите се пробиле во објектот по првичната престрелка. Областа е блокирана од армијата и полицијата, а според локални извори се сомнева дека во комплексот можеби има уште напаѓачи. Ранетите, меѓу кои и двајца припадници на паравоените сили, се пренесени во болница.
Нападот се случува во време на зголемена активност на исламистички милитанти во регионот, по смртоносните погранични судири меѓу Пакистан и Авганистан минатиот месец. Досега ниту една група не презеде одговорност.
Свет
Германскиот канцелар: Русија мора да се врати на преговарачка маса
Русија мора да учествува во разговорите за мировниот план за Украина за тој воопшто да има шанса, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на самитот ЕУ–Африканска унија во Луанде.
„Русија мора да биде присутна на масата. Ако тоа се оствари, секој напор би бил оправдан, а во спротивно, ќе треба да се удвојат напорите“, рече Мерц.
Берлин го поздрави напредокот постигнат во Женева врз основа на американскиот мировен нацрт од 28 точки, првично оценет како премногу наклонет кон Москва. Мерц нагласи дека Европa мора да го одобри секој дел од идниот договор што се однесува на нејзината безбедност.
По неделните разговори во Женева, САД и Украина изработија нова, ревидирана верзија на мировната рамка за која велат дека целосно ја почитува украинската сувереност. Почетниот план на Доналд Трамп содржел повеќе руски барања, меѓу кои територијални отстапки, намалување на украинската војска и откажување од членство во НАТО, со западни безбедносни гаранции за Киев.

