Свет
Израелските доселеници сметаат дека со анексијата на Западен Брег им се дава премногу на Палестинците
За левичарите, планот на Израел да апсорбира делови од Западен Брег ќе ѝ наштети на палестинската државност, но дури и израелските доселеници на територијата изгледаат незадоволни од планот, изјавувајќи за РТ дека од овој потег ќе се добие малку.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, сака да стави речиси 30 отсто од Западниот Брег под постојана израелска контрола, но Израелците што живеат во таа област велат дека договорот, кој би им дал на Палестинците ограничена државност ако исполнат одредени услови, е всушност лош за контроверзните населби.
Доселниците во Елон Море изјавија за РТ дека животот ќе им стане невозможен затоа што нивната заедница во суштина ќе стане енклава во центарот на палестинската држава.
„Нема да можеме да се движиме без воена придружба. Ќе има повеќе бомби, повеќе пукања“, посочи една Израелка.
Израелскиот активист Боаз Хаетни го повика американскиот претседател, Доналд Трамп, да го преиспита својот т.н. договор на векот. Тој вели дека суверенитетот за населбите на Западниот Брег е можеби целта, но дека Израел не треба да прифаќа преостанатите 70 отсто од земјата да стане територија управувана од Палестинците.
Со сличен став е и Бени Кацовел, поранешен шеф на Регионалниот совет на Самарија, кој за РТ изјави дека Трамп покажал поголема поддршка за Израел отколку неговите европски колеги, но дека тој им дава на Израелците повеќе опасност отколку добри работи.
Бидејќи десничарските доселеници се спротивставуваат на овој потег, се чини дека Нетанјаху сега се соочува со широк отпор за неговите планови.
Во саботата илјадници демонстранти од левицата се собраа во Тел Авив за да ја осудат анексијата. Еден од организаторите на протестите, член на Кнесетот, Нитзан Хоровиц, во обраќањето рече дека заземањето на територијата ќе претставува воено злосторство што ќе доведе до крвопролевање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

