Македонија
Потврдени 87 новозаболени од коронавирус
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 41, Куманово – 12, Штип – 16, Тетово – 10, Струга – 1, Охрид – 2, Гостивар – 1, Пробиштип – 4.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 1, Прилеп – 2, Тетово -2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати 157, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.
По завршените епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Во согласност со тоа, последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 1.373, активни 760
• Куманово – 568, активни 150
• Дебар – 53, активни 2
• Штип – 223, активни 185
• Прилеп – 218, активни 25
• Тетово – 301, активни 135
• Струга – 106, активни 33
• Велес – 144, активни 30
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 37, активни 20
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 51, активни 29
• Гевгелија – 6, активни 2
• Струмица – 5, активни 2
• Крива Паланка – 7, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 53, активни 22
• Пробиштип – 11, активни 9
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово 3, активни 2
• Виница – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 3, активни 2
• Кичево – 3, активен 1
• Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 987 теста се преку: ИЈЗ – 381, ЦЈЗ Скопје – 30, „Авицена“ – 72, „Биотек“ – 163, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 101, „Систина“ со PCR-метода – 137 и МАНУ – 103. Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 80 теста се во рамките на скринингот во градинките во Скопје и нема позитивни резултати на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 37 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изразуи сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

