Свет
Водачот на злогласниот Кју-клукс-клан со камион се забил во група демонстранти и прегазил еден
Човекот осомничен дека со возило се забил во група демонстранти во Вирџинија е водачот на злогласниот Кју-клукс-клан, јавува локалната полиција. Неговото име е Хари Роџерс, тој има 36 години и е обвинет за вандализам и напад. Тој во моментов е во притвор. Едно лице е повредено во нападот, пишува „Си-ен-ен“.
„Повредите на жртвата не изгледаат толку сериозни, фала му на Бога. Овој напад на мирни демонстранти е ужасен и недозволив, ќе бараме Роџерс да биде казнет најстрого“, рече адвокатката Шенон Тејлор.
Во Сиетл, каде што протестите продолжија по смртта на Џорџ Флојд, се случи ужасен инцидент. Еден човек со автомобил удрил во демонстрантите, а потоа пукал и ранил демонстрант кој му се спротивставил кога застанал.
Човекот поради некоја причина се забил со својот автомобил во толпа демонстранти. Потоа, тој извадил пиштол и пукал кон демонстрантите кои му се спротивставиле кога застанал.
Снимките на очевидците покажуваат дека осомничениот го напушта возилото и е опкружен со демонстранти.
Сите овие протести избувнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) на кого полицаец му го притискаше вратот со колено скоро девет минути додека тој кажувал дека не може да дише.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Телото на последната жртва од поплавите пронајдено во Јабланица, уште едно лице се бара во Коњиќ
Спасувачките екипи во соработка со полицијата и другите надлежни служби го пронашле телото на последниот загинат во поплавите во Доња Јабланица, потврдија за порталот „Аваз“ од полицијата.
Телото е пронајдено во близина на браната на ХЕ Грабовица, со што вкупниот број на жртви од оваа катастрофа во Јабланица се искачи на 19, додека во Коњиќ досега се потврдени четири смртни случаи. Потрагата по уште едно исчезнато лице од Коњиќ се уште трае, јавува „Аваз“.
Поради големи поплави и одрони, сообраќајот на автопатот Коњиќ – Јабланица – Комадиново Врело беше во прекин претходните седум дена. Одроните предизвикаа голема штета, одземајќи делови од коловозот и железничките пруги, но интервентната санација овозможи да минат спасувачките екипи и итните служби.
Свет
ЕУ ќе инвестира во воено-индустрискиот комплекс во Украина
Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
Посветеноста на ЕУ од 440 милиони долари за поддршка на украинската одбранбена индустрија „означува значителна промена“ во пристапот на блокот кон војната и исто така ги открива слабостите на нејзиниот одбранбен сектор во производството на оружје и муниција додека Европејците се борат да бидат во чекор со побарувачката, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи го Вашингтон пост.
ЕУ не може да го произведе целото оружје и муниција што им е потребно на Вооружените сили на Украина, поради што се префрла на инвестиции во украинскиот воено-индустриски комплекс.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.