Свет
Во САД во април без работа останале речиси осум милиони луѓе
Работодавците во Соединетите Американски Држави (САД) во април отпуштиле 7,7 милиони луѓе, што е знак за длабочината на рецесијата предизвикана од пандемијата.
Министерството за труд на САД објави дека во април нагло опаднале понудите за работни места и за вработување. Како што се наведува, бројот на понудени работни места се намалил 16 проценти од март, на пет милиони, а бројот на оние што се вработиле во текот на април е намален 31 процент – на 3,5 милиони.
По отпуштањето 11,5 милиони луѓе во март, лошите резултати во април значат дека американската економија за само два месеца ги загубила добивките што ги градела речиси десет години и дека закрепнувањето би можело да биде долготрајно.
Владата на САД во петокот објави дека вработувањето закрепнало во мај затоа што биле регистрирани 2,5 милиона повеќе вработени отколку претходниот месец. Сепак, се чини дека станува збор за вработени што се вратиле на работа по присилното неплатено отсуство и за лица со повремен работен ангажман, а не вработени со полно работно време, чиј ангажман би значел дека економијата почнува да работи со полна пареа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел до цивилите во јужен Либан: Не враќајте се дома до понатамошно известување
Петмина здравствени работници загинаа во напад на Израел врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство, а Израел ги предупреди либанските цивили на југот да не се враќаат дома до понатамошно известување.
Привремениот либански премиер Наџиб Микати рече дека Соединетите Американски Држави и Франција водат разговори за прекин на огнот очигледно упатувајќи на дипломатските напори за посредување на примирјето што Израел го отфрли минатиот месец. Засега никој од Вашингтон или Париз не ги коментирал овие тврдења.
Блискиот Исток е во состојба на готовност стравувајќи од натамошна ескалација на конфликтот во регионот бидејќи се чека одговорот на Израел на минатонеделниот ирански ракетен напад, пренесуваат медиумите во регионот.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека Израел во текот на ноќта удрил во центар за цивилна заштита во селото Дердгаја, на 10-ина километри од границата, при што загинале пет болничари и спасувачи.
Израелската армија сè уште не се огласила за тоа. Повеќе од 2.100 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан во текот на изминатата година. Не се знае колку загинати цивили и колку борци.
Израел денеска ја потврди смртта на својот 12-ти војник во копнените операции во јужен Либан.
Израел им порача на жителите на јужен Либан во објава на социјалната мрежа Х дека им е „забрането да се вратат во своите домови, во селата и градовите до понатамошно известување за нивна безбедност“.
Свет
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија
Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион, кој очигледно бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.