Свет
Заврши истрагата за убиството на Улоф Палме пред 34 години во Стокхолм
Шведска и официјално ја прекина истрагата за нерешеното убиство на поранешниот премиер Улоф Палме, кој беше убиен пред 34 години во центарот на Стокхолм.
Јавниот обвинител кој го водеше случајот, Кристер Петерсон, изјави дека истрагата е прекината затоа што главниот осомничен, Стиг Енгстром, починал во 2000 година. Палме беше убиен на 28 февруари 1986 година кога тој и неговата сопруга Лизбет излегувале од кино.
Петерсон рече дека Енстром е познат по тоа што јавно ѝ се спротивставил на политиката на Палме и тој бил на местото на убиството и веднаш бил квалификуван како можен осомничен.
„Со оглед на тоа дека тој повеќе не е жив, не можам да го обвинам“, рече Петерсон на прес-конференција.
Описот на убиецот даден од очевидци одговараше на Енгстром иако имаше и такви што тврдеа дека тој не бил на местото за време на убиството. На крајот полицијата оцени дека тој не е од интерес за истрагата.
Лизбет Палме подоцна го идентификува алкохоличарот и зависник од дрога Кристер Петерсон како убиец и тој беше прогласен за виновен и осуден. Таа пресуда подоцна беше поништена бидејќи полицијата не успеа да обезбеди докази против него, па истрагата продолжи, а Петерсон почина во 2004 година. За време на истрагата, имало повеќе од 100 осомничени, а истрагата се проширила во повеќе насоки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот
Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.
Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.
Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.
Rouen: un homme armé d’un couteau a été tué par la police alors qu’il essayait de mettre le feu à la synagogue de la ville pic.twitter.com/e2puZJdizX
— BFMTV (@BFMTV) May 17, 2024
Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците застрелал маж кој бил вооружен со нож и железна шипка.
Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат избувнувањето на пожарот во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин ја пофали полицијата „за нивната реакција и храброст“.
Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел минатиот октомври, што доведе до војната во Газа.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм, откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и покрената е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
Ројтерс се уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.