Забава
Алиша Кис дискутира за затегнатите расни односи во интервју за „Инстајл“
Алиша Кис зборува за системски расизам во САД во насловна сторија за јулскиот број на „Инстајл“ (InStyle).
Во интервјуто 39-годишната повеќекратнa добитничка на „Греми“ се навраќа на свирепото убиство на Ахмуд Арбери, што се случи три месеци пред да избувнат масовни протести по смртта на Џорџ Флојд во бруталната полициска интервенција.

Во февруари Афроамериканецот Арбери беше застрелан од двајца бели одметници додека џогирал, а на 25 мај Флојд умре под тежината на коленото на бел полицаец врз неговиот врат.
„Ние си пресудуваме едни на други и ги проценуваме кои се и какви се луѓето, дури и кога не ги познаваме“, рече Кис коментирајќи ги расните односи во Америка.
„Според мене, најважното нешто што можеме да го направиме сега е да застанеме една секунда, да се видиме и да се цениме едни со други такви каки што сме“.
Во меѓувреме, претстојниот албум на музичарката, со наслов „Алиша“, е одложен поради пандемијата на Ковид-19.
Кис се самоизолира дома со сопругот Свиз Битс и нивните синови Еџипт Дауд Дин (9) и петгодишниот Џенезис Али Дин.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Едно излегување – милион воздишки: Сè гори поради фустанот на Марго Роби
Австралиската актерка Марго Роби покажа нешто сосема поинакво по улогата на Барби во истоимениот филм. Прекрасната русокоса сега го игра ликот на Кетрин Ерншо во филмот „Wuthering Heights“, а на премиерата во Лос Анџелес буквално ги остави сите без здив.
Margot Robbie arrives to the “Wuthering Heights” premiere in LA. pic.twitter.com/yh6QutL3Wi
— Variety (@Variety) January 29, 2026
Марго Роби позираше во нереален фустан направен од проѕирен, тесен корсет со чипка, кој продолжува во драматично здолниште во црна и црвена боја. Моделот го потпиша модната куќа „Schiaparelli“.
Сепак, вистинскиот спектакл го создаде дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор и чија вредност се проценува на околу осум милиони долари.
Роби носеше светкав привезок во облик на срце високо на вратот, додека златен ланец се спушташе по грбот.
Елизабет Тејлор го доби овој познат ѓердан како подарок од својот петти сопруг, Ричард Бартон, пред 54 години, по повод нејзиниот 40-ти роденден, а денес е едно од најпрепознатливите парчиња од легендарната колекција накит на познатата холивудска ѕвезда.
Заедно со неа, на црвениот тепих беше и Џејкоб Елорди, колега од филмот, кој исто така блескаше на свој начин. За свечената премиера, тој избра импресивно црно одело.
Забава
(Фото) Кендал Џенер позира гола: „Убава си, но престани да се соблекуваш“
Моделот Кендал Џенер со години важи за омилената сестра во познатото семејство Кардашијан-Џенер. Многумина ја обожаваат затоа што го изгради својот пат, далеку од реалното шоу кое го направи остатокот од семејството познат, и таа стана една од најбараните убавици.
Иако е омилена, тоа не значи дека е секогаш скромна и одмерена, па затоа Кендал често објавуваше повремени провокативни снимки, вклучувајќи и фотографии во топлес.
Но, сега отиде чекор понатаму и во потполност покажа сè на социјалните мрежи.
Да, Кендал Џенер се соблече и го покажа задникот во низа провокативни фотографии, а обожавателите веднаш го опишаа ова како нејзино најсмело издание.
На една од фотографиите, Кендал лежи на кревет сосема гола и не се потруди да го скрие своето тело, што предизвика вистинска лавина од коментари од воодушевените следбеници, но и од оние на кои можеби им се допаѓа малку помалку.
„Божица“, „Каква згодна девојка“, „Другите можат само да ти завидуваат“, „Најубавата манекенка на светот“, беа дел од позитивните коментари, но имаше и такви кои ја критикуваа и ѝ рекоа да „престане да се соблекува“.
Забава
Ако сè уште не сте пробале, крајно време е: Трик што спречува насобирање мраз во фрижидерот
Се вели дека овој едноставен трик вреди злато, бидејќи спречува насобирање мраз во фрижидерот. Ќе бидете изненадени од резултатот, а дома веќе го имате она што ви треба.
Секој што имал ваков проблем знае колку е тешко да се одмрзне и исчисти фрижидер кој со месеци насобрал мраз. Часовите стружење и чекање се минато, бидејќи повеќе нема да мора да се мачите. Решението е повеќе од едноставно.
Со овој генијален трик, ќе можете засекогаш да спречите формирање мраз во фрижидерот. Тајната лежи во нешто што сигурно е во вашата кујна, а тоа е маслото за готвење.
Обичното масло го решава проблемот
Едно нешто што секој го има дома, а кое ќе спречи насобирање мраз, е обичното масло за готвење. Не го знаевте ова, нели?
Постапка:
– Прво, не заборавајте темелно да го одмрзнете и исушите фрижидерот.
– Сè што треба да направите е да ги премачкате ѕидовите, фиоките и комората на фрижидерот со масло.
– Ќе добиете лизгава површина на која мразот воопшто нема да може да се формира. Ако сепак се формира, ќе биде во многу помали количини и лесно можете да го отстраните рачно, без стругање.
Овој златен трик е доказ дека наједноставните решенија се често најдобри.
Не дозволувајте насобирањето мраз во вашиот фрижидер да ви предизвика дополнителни проблеми. Маслото е сè што ви треба за трајно чист и функционален фрижидер.

