Свет
Еден од полицајците обвинети за убиството на Флојд ослободен од затвор со кауција од 750.000 долари
Томас Лејн, еден од четворицата поранешни полицајци во Минеаполис, кои се обвинети за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше ослободен од затворот во округот Хенепин, во американската држава Минесота, со кауција од 750.000 американски долари, покажуваат податоците на канцеларијата на шерифот.
Лејн е еден од тројцата полицајци обвинети за помагање и поттикнување убиство од втор степен, како и за помагање и поттикнување убиство со предумисла од втор степен во смртта на Флојд на 25 мај.
Четвртиот полицаец, Дерек Шовин, кој со коленото му го притискал вратот на Флојд додека тој викал дека не може да дише, е обвинет за убиство од втор степен и убиство со предумисла.
Сите четворица беа отпуштени од полицијата во Минеаполис.
Адвокатот на Лејн, Ерл Греј, им рече на новинарите дека неговиот клиент се обидел да му помогне на Флојд, пренесува „Ројтерс“.
Тој за локалниот „Стар трибјун“ изјави дека е организирано прибирање средства за да се плати кауцијата на Лејн преку социјалните медиуми со донации преку „Пејпал“.
Следното рочиште за Лејн е закажано за 29 јуни, а неговиот адвокат планира да поднесе предлог за отфрлање на обвиненијата, јавуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Сијарто: Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти
Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и родовата идеологија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто предупреди дека унгарската опозиција „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе умираат на фронтот и што милиони се принудени да ги напуштат своите домови. Не им е грижа што малку по малку целата земја е уништена. Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто.
Според него, парите и оружјето на европските даночни обврзници бесрамно се испраќаат во Украина за потребите на „воената мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
– Влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет – рече Сијарто и предупреди дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
Свет
Во Бразил 50.000 луѓе маршираа за климатска правда
Голем протестен марш се одржа во саботата во бразилскиот град Белем, каде што се одржува Конференцијата на ОН за климатски промени (COP30). Организаторите наведуваат дека маршот симболизира не само борба за климата, туку и за начин на живот и културниот идентитет на заедниците погодени од еколошките проблеми.
Десетици илјади демонстранти од автохтони заедници и глобални климатски активисти маршираа низ центарот на Белем.
Организаторите наведуваат дека на протестот се приклучиле околу 50.000 лица.
Со „Марш за климата“, демонстрантите се борат за климатска правда и за заштита на териториите на автохтоните заедници, кои се загрозени од сеча на дрвја и илегално ископување злато. Неколку дипломати и министри од земјите кои преговараат на COP30 се приклучија на протестот.
Бразилската министерка за животна средина, Марина Силва, ја поздрави големата посетеност на протестот и рече дека ваквите протести се добредојдени во Бразил, кој има тешко освоена и консолидирана демократија.
Околу 200 земји на COP30 ќе дискутираат до крајот на следната недела како да се забави глобалното затоплување. Фокусот на преговорите е на планот за постепено напуштање на нафтата, гасот и јагленот. Дополнително, земјите во развој бараат финансиска помош за поефикасно справување со сериозните последици од климатските промени, како што се поројни дождови, суши, топлотни бранови, шумски пожари и бури.
Паралелно со конференцијата на ОН, на Универзитетот во БеLEM се одржува „Народен самит“, на кој учествуваат стотици организации, движења и мрежи од Бразил и странство.
Свет
Нови апсења во Турција по случајот со труење на германско семејство
Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул.
Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум.
Семејството — мајка, татко и две деца од 3 и 6 години — пристигнало во Истанбул од Германија на 9 ноември. На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, а таткото е во критична состојба.
Обвинителството соопшти дека семејството претходно јадело храна купена на улица, во продавница и во хотелот.
Уличните продавачи негираат одговорност.
Сопственикот на хотелот, кој е меѓу уапсените, има две претходни кривични пријави, потврди полицијата.

