Забава
(Видео) Трите деца ги загубиле во сообраќајна несреќа, по една година им се родила тројка
Во мај 2007 година американското семејство Кобл било погодено од ужасна трагедија. Во сообраќајна несреќа ги изгубиле трите деца, а една година подоцна, Лори Кол останала повторно трудна и родила тројка.
Мајката Лори Кобл се возела со своите три деца, 5-годишната Кајл, 4-годишната Ема и 2-годишната Кети кон дома, кога одеднаш камион натоварен со 20 тони електроника удрил во задниот дел од нивниот автомобил. Со неа во патничкото возило била и мајка ѝ, бабата на децата, која имала скршени ребра, а Лори доживеала потрес на мозокот.
Лори не се сеќава на ништо, нејзиниот сопруг Крис морал да ѝ каже дека нивните деца се мртви. Возачот на камионот, Хорхе Мигел Ромеро, кој претходно бил казнет за брзо возење, не ја обжалил пресудата за убиство. По несреќата, парот се посветил на борба за промени во транспортната индустрија.
„Тоа е индустрија што се плаќа од километар. А за возачите тоа значи само едно – ако камионот е паркиран, тие нема да бидат платени“, вели сопругот Крис Кобл. „Тоа е всушност цела индустрија што промовира опасно возење. Возачите на камиони возат премногу брзо, возат уморни и ние сакаме тоа да се промени“, објаснува тој.
Шест месеци по трагедијата, Лори забременила со тројка: две девојчиња и едно момче. Сопружниците веруваат дека ништо не е случајно.
Во мај 2020 година Ешли, Ели и Џејк го прославија својот 12-ти роденден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Четири хороскопски знаци ќе имаат голема парична добивка до крајот на месецот
Влеговме во сезоната на Стрелец, а Плутон е во Водолија, така што положбата на планетите ќе одговара на одредени знаци од Зодијакот и тие ќе можат да заработат многу пари.
Во неделата што претстои се движи и ретроградниот Меркур, па затоа треба да внимаваме на проценките, особено кога се во прашање парите.
РАК
Треба да ја искористите добрата позиција на планетите до крајот на месецот, за да преговарате за поголема заработка. Лавот може да биде одличен деловен партнер.
ШКОРПИЈА
Сезоната на Стрелец ви носи планина пари. Имате можност да остварите голем профит. Може да биде и зголемување на платата.
ВАГА
Марс во Лав и вам ви одговара, па ќе влезе во нов партнерски бизнис кој може да ви донесе солидна заработка. Плутон во Водолија може да донесе богатство во следните неколку години.
ДЕВИЦА
Ќе бидете наградени за напорната работа на работното место. Имате можност вашето хоби да го претворите во сериозна работа.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со татко им.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени оти можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за „Дејли мејл“.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на своите внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со своите внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина, Unbroken. Во тоа време родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние многу се гордееме со Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај“.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.