Македонија
Нови 164 случаи на Ковид-19, починаа две пациентки во Скопје и Тетово

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 85, Куманово – 24, Дебар – 3, Штип – 5, Прилеп – 3, Тетово – 18, Струга – 5, Охрид – 9, Гостивар, Свети Николе и Ресен по двајца и по еден во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и во Неготино.
Во изминатото деноноќие регистрирани се и два смртни случаја како последица на коронавирусот. Во болницата „8 Септември“ почина пациентка од Скопје (53), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 9 јуни.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 3, Прилеп – 6 и Струга, Велес и Виница по еден.
Во согласност со овие податоци, последната статистика на заразени по градови е следна:
• Скопје – 1.676, активни 1.040
• Куманово – 620, активни 202
• Дебар – 56, активни 5
• Штип – 232, активни 192
• Прилеп – 226, активни 25
• Тетово – 336, активни 165
• Струга – 115, активни 39
• Велес – 149, активни 28
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 55, активни 38
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 56, активни 33
• Гевгелија – 7, активни 3
• Струмица – 7, активни 4
• Крива Паланка – 8, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 54, активни 23
• Пробиштип – 11, активни 9
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 3, активен 1
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово – 4, активни 3
• Виница – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 7, активни 6
• Кичево – 3, активен 1
• Ресен – 3, активни 3
• Неготино – 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, бројката на оздравени пациенти е 1.694, на починати е 171, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.836.
Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 новозаразени, а вкупно хоспитализирани се 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти.
Во болницата во Штип хоспитализирани се 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 31 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во однос на бројот на заразени во скопските општини заклучно со вчера статистиката е следна:
• Чаир – 235
• Бутел – 88
• Аеродром – 87
• Гази Баба – 89
• Центар – 87
• Карпош – 79
• Сарај – 75
• Кисела Вода – 52
• Ѓорче Петров – 39
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 25
• Арачиново – 30
• Илинден – 20
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 6
• Сопиште – 3
• странец – 2
• неутврден – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.